Автор Тема: Porsche 944  (Прочитано 59931 пати)

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 547
Porsche 944
« на: 19 Јуни 2018, 11:54:16 am »
Здраво на сите,

Гледам дека по форумот има доста квалитетно реставрирани постари возила и возила во изработка, па да го претставам и јас мојот старо-нов проект со кој се занимавам последните неколку месеци. Станува збор за Porsche 944, произведено 1982 година (првата серија на моделот 944) со 2.5л мотор и 163кс. Возилото е донесено од Швајцарија некаде 97-98 година, запленето е од царината и стоено е на поранешниот царински склад кај аеродром Петровец до 2005 кога е купено од татко ми, префарбано и механички средено. Во 2011 година е продадено и пак купено назад во декември 2017 со поминати само 600км во тој период. Се на се, возилото е стоено незапалено вкупно 13 години. Слики од периодот 2005-2011 година за жал немам.

Ова е слика направена некаде 2015 година кога возилото беше веќе долго време невозено.



Возилото е земено назад кај мене декември лани со план за комплетна реставрација. Првото перење после 6 години: :)




Со оглед на тоа што механичката состојба на возилото ми е целосно позната, направен е голем сервис (масло, филтри, каиши, затегачи, водна пумпа, хидраулични држачи за мотор, амортизери) и направена е целосна контрола на подвозјето, и промена на сите потребни гумици. Некои од деловите се доста тешки за наоѓање, меѓутоа успеав да комплетирам се и возилото да биде механички во комплетно исправна возна состојба.

Следна фаза е надворешно фарбање на возилото со оригиналната боја по код, која во 2005 беше сменета со посветла златно-кафеава боја. Возилото е однесено кај мајстор, каде се направени одредени потребни корекции и целосни припреми за фарбање и е ставено во филер:




Истовремено, извадена е комплетната внатрешност без теписон и е однесена на репарација. Шалтаблата има доста пукнатини од долгото стоење на сонце кои би требало да се средат, додека страничните панели на вратите се во одлична состојба и само ќе се исчистат убаво и истретираат со средства. Седиштата се исто така избледени од сонце, но немаат никакви оштетувања по нив па ќе бидат целосно реставрирани, офарбани и доведени на ниво на фабричка состојба.
Се мислев шалтаблата да се облече во кожа, но се откажав од таа идеја бидејќи така би го изгубил оригиналниот изглед на истата, а главна цел ми е возилото да изгледа најблиску што може до фабричко.
Исто така, купени се и нови гуми кои ќе се монитраат откако ќе се исфарбаат фелните.

За крај, возилото е вчера офарбано и излакирано и следните слики се од денес:





Бојата според кодот е оригиналната за возилото на мене ми изгледа одлично :)
Останува сега да се офарбаат вратите, браниците, хаубата итн. да се реши дилемата дали фелните да останат иста боја (која ми е пресветла во однос на бојата на возилото) или да се оди на една нијанса потемна сива и да се среди и монтира внатрешноста и мислам дека возилото ќе биде комплетно и спремно за возење и уживање :)

За секој понатамошен напредок ке постирам овде, па оваа тема ќе ми биде и како еден тајмлајн за возилото :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29629
    • CARclub.mk
Одг: Porsche 944
« Одговори #1 на: 19 Јуни 2018, 11:58:16 am »
Леле, мајко мила, прекрасно! Пре-кра-сно!

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8657
  • Пичлеме
Одг: Porsche 944
« Одговори #2 на: 19 Јуни 2018, 12:01:59 pm »
Па што си се срамел до сега, не си се пофалил... :)

Супер што ќе го доведиш во фабричка состојба.

Сличиња ставање задолжително, немој да си се усрамил пак :)

И немој да те змија уједе, па да гa тераш преку џомбе ;D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Porsche 944
« Одговори #3 на: 19 Јуни 2018, 12:05:39 pm »
Со среќа во реставрацијата, до сега гледам супер ти оди а и супер основа си имал :)

Фабричкава боја е полн погодок!
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Porsche 944
« Одговори #4 на: 19 Јуни 2018, 12:12:51 pm »
Damn !!! :)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8657
  • Пичлеме
Одг: Porsche 944
« Одговори #5 на: 19 Јуни 2018, 12:14:22 pm »
Плус мотор од Порше има. Раритет! :)

Отсутен George

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: Porsche 944
« Одговори #6 на: 19 Јуни 2018, 12:23:52 pm »
Сеа бргу го видов на обиколница ако не се лажам ? пред недела дена

Присутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5159
  • Пиши лаже
Одг: Porsche 944
« Одговори #7 на: 19 Јуни 2018, 12:26:21 pm »
Леле, леле... Браво!
Само напред со проектот, морам да бидам сабскрајнат на темата. :)
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 696
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Porsche 944
« Одговори #8 на: 19 Јуни 2018, 12:43:26 pm »
@andrej_111 колега Струмичанец? Каде ја однесе шалтаблата да се средува?

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 547
Одг: Porsche 944
« Одговори #9 на: 19 Јуни 2018, 12:52:25 pm »
Плус мотор од Порше има. Раритет! :)
За чудо му ставиле мотор од Порше, а не од Ауди :) Шала на страна, 944 си има оригинал Порше мотор, 924 има Ауди 2.0л мотор.
Сеа бргу го видов на обиколница ако не се лажам ? пред недела дена
Тешко дека било ова Порше, растурено е веќе 2 месеци, а и не е регистрирано од 2011 :)
@andrej_111 колега Струмичанец? Каде ја однесе шалтаблата да се средува?
Колега струмичанец секако, брат ти сум сигурен дека ме знае :) Шалтаблата и целата внатрешност е однесена во Гевгелија кај Тоше, Перфект мислам му се вика работилницата.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 696
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Porsche 944
« Одговори #10 на: 19 Јуни 2018, 12:56:03 pm »
Го меркав на времето додека беше огласeно... ти завидувам. Ептен убава кола и добра основа за проект. Со среќа средување па се надевам ќе се запознаеме низ Ср и ќе ме провозаш еден круг :)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Porsche 944
« Одговори #11 на: 19 Јуни 2018, 13:12:36 pm »
Супер,плин у план ли е?😁

Sent from my E5603 using Tapatalk


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17464
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Porsche 944
« Одговори #12 на: 19 Јуни 2018, 13:47:10 pm »
Па кааааај си бе бато, што ќутиш за вакви работи? ;D ;D ;D

Напред работа, немој да си го продал пак, ќе идам да го видам кога ќе го завршиш! :D

P.S. Гледав на огласи оригинални телефонки за 924/944 (не знам точно за кој модел), ќе се потрудам пак да ги побарам.

EDIT: Не ги најдов, ама за 924 биле зошто беа 4х108. Ова било 5х130. :)
« Последно менување: 19 Јуни 2018, 13:54:27 pm MartinAlfista »

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7058
  • хаУс мајстор
Одг: Porsche 944
« Одговори #13 на: 19 Јуни 2018, 13:50:47 pm »
90% од работата културно си ја завршил со последново префарбување. Одлично изгледа уште сега-не сколопена.
Јас лично би идел на други бандажи, некој покласични, овие не дека се лоши ама шо знам...
Со среќа во до средувањето и ти посакувам уживање во вожњата и правење мерак кога ќе се заврши.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 547
Одг: Porsche 944
« Одговори #14 на: 19 Јуни 2018, 13:55:10 pm »
Го меркав на времето додека беше огласeно... ти завидувам. Ептен убава кола и добра основа за проект. Со среќа средување па се надевам ќе се запознаеме низ Ср и ќе ме провозаш еден круг :)

Обавезно да се запознаеме, а круг у секое време чим се среди :)

Плин не е во план да се става.

Па кааааај си бе бато, што ќутиш за вакви работи? ;D ;D ;D

Напред работа, немој да си го продал пак, ќе идам да го видам кога ќе го завршиш! :D

P.S. Гледав на огласи оригинални телефонки за 924/944 (не знам точно за кој модел), ќе се потрудам пак да ги побарам.

Продавање у никој случај, а за доаѓање за Струмица ќе доаѓаше и за Октавијата РС, и за Голфот, па гледај сега стварно да дојдеш :)

90% од работата културно си ја завршил со последново префарбување. Одлично изгледа уште сега-не сколопена.
Јас лично би идел на други бандажи, некој покласични, овие не дека се лоши ама шо знам...
Со среќа во до средувањето и ти посакувам уживање во вожњата и правење мерак кога ќе се заврши.

Ти благодарам, ги имам и оригиналните 15ки бандажи кои не ми се допаѓаат затоа што се со иста ширина и напред и назад, додека Azev-от кои се на возилото се 10 цола позади и 7,5 цола напред.
Aus Liebe Zum Automobil...