Да направиме мал апдејт на темава, конечно набавени делови и направен најголемиот зафат на возилото - промена на ламела, потисна и друк лагер. Сетот е Sachs, набавен од Грција, по очекувано солена цена
Работата е навистина многу, се растура половина кола. Старата ламела кога откажала, за жал, некој ја заварил да биде фиксна
. Во прилог и некоја слика.
Кога веќе се беше растурено, искористивме прилика да ги смениме и лагерите на преносната осовина (нема класично карданско вратило), семеринзи, други лагерчиња и се пропратно. Сега барем знам дека преносот е целосно нов
Разликата со претходно е ненормална, многу подобро од тоа што очекував, односно кумплунгот е путер
Вредеше промената секое потрошено денарче
На првото возење сфатив дека јас сум се мачел кога сум ја возел колата претходно.
Бонус: Најдов слика од првите денови кога Поршето е купено кај нас во 2005.
Бонус 2: Поради недостатокот на нови коли, најверојатно ќе презими во салон за нови коли