Денес, жената отишла до кај нејзините во Козле, паркирала на паркинг од зградата со задниот дел од колата кон паркче.
За враќање не и запила од прва, туку со второ верглање. И паднало чудно бидејки зимава и со стариот акумулатор си палеше на прво верглање, само се ресетираше дневна километража поради што купив нов.
Откако ја запалила колата почнало да и мириса на бензин. Кај Рамстор снемало миризба и така се до пред угорницата пред дома кога повторно почнала да осеќа миризба.
Ме викна и панично ми вели дека истекува бензинот.
Си викам, јеботе, пун резервоар ќе истече во двор, ќе контаминира се живо, кај ли го дупнала по пат.
Одам да видам, корне на бензин, се наведнувам од позади да видам од каде тече и приметувам како капе по една капка на секои 5 секунди во предел некаде од предниот дел на резервоарот.
Малку се мислев што да правам, ај да погледнам од левата страна ако може поточно да видам од каде капе.
Гледам, не капе повеќе и паѓаат црни љушпи од премазот од резервоарот.
Претпоставувам дека е дупната цевка, додека работи бензинската пумпа ствара пририсок и тогаш шприца. Кога ќе се изгаси колата капе се додека не падне притисокот.
Ми се врти во глава дека од паркчето се стркалала топка од деца што си играле и се пикнала под колата и дека некој со стап мавајки да ја извади топката направил беља, или некој Гремлин повторно и се навртел.
Утре одам на сервис и ќе видиме што е, ако не се запалам по пат