Фала на мислењата.
Се слагам дека на таа цена не треба да се жали уште 600 еур за дополнителна гаранција, особени имајќи во предви дека еден поголем пех (пу пу пу) кошта повеќе од 600.
Овластен сервисер - да - љуштат, особено на работната рака. Еден обичен сервис работна рака е 2.500-3.000 денара. Но сепак, си имаш тапија при препродажба - особено за ново возило.
Не е аутоматик - рачен менувач е. Мада мислам дека не може уште од старт на 5 години. Мислам дека калкулираат и го нудат на сопственици чии возила првите 2 години немале сериозен квар. Сепак, сакам да ги пофалам, ме повикаа две недели пред истек на гаранцијата да ја проверат колата за да видат дали нешто има што може да влезе во гарантен рок. Фала богу немаше ништо. Гумата околу вратите приметија дека е повлечена во делот кај што завршува кај задните врати и ја нарачаа да ја сменат под гаранција.