Порше Македонија ме убедуваше дека е нормално Ауди А4 да тресе на тргнување загреано. Откако инсистирав да ја отворат колата, и видоа дека замаецот е во аут, глеј, ми рекоа дека се работи за несовесно ракување на операторот со возилото, возилото имало двојни команди, дека го купив од авто школа. И не прифатија да го сменат замаецот иако колата беше под интернационална гаранција и беше во гарантен рок. Дефектот пријавен на 47.000км.
На цел памет, ми дадоа написмено ЗОШТО колата прави така. Дури и пишале дека е нормално, иако колата ја купив со 13,000км, и немаше никаков проблем се до 47000км. Сето ова откако едвај ги убедив дека имам проблем со колата, и дека ова не е нормално. Колата доаѓаше до стадиум да гаси на тргнување. И на сето инсистирање да ми дадат на писмено што опфаќа гаранцијата, и на кој начин утврдиле дека се работи за несовесно ракување, ме мотаа од еден на друг, се дур не изгубив волја да се убедувам. Така да, од лично искуство, никогаш не би доплатил за Ауди Гаранција во Македонија.
Откако сменив се, излезе некаде околу 110,000 денари, неколку месеци подоцна најдов англиски форум каде што на сите Ауди возила им бил сменет замаецот во сервисниот рок бесплатно, дури и на возила со сменета фабричка мапа, читај, мапирани возила. Пред половина година го најдов и германскиот документ дека двојните команди биле инсталирани од одобрен сервис на Ауди, по нивни инструкции. Али јебига.