Моето искуство е дека со 98ца гориво од Лукоил на зима, на минус температури, на колата и требаа некои 30-40 секунди работа во место, или стотина метри извозени непосредно после палење, за да престанит да “потскоквит“. Со 100ка гориво од Макпетрол, ставено по предлог на Сервис Илија, проблемот скроз го снема, ко друга кола да возам.
Исто, со бензинот од Лукоил едноставно на минусни температури кога е подолго стоена колата, не ми палеше на прво верглање. Најчесто на трето верглање палеше.
Се префрлив на Макпетрол 95ка, проблемите ги снема.
Е сега минатото лето почнав да ставам 100ка Макпетрол, ама кога дојдоа ладните температури, истиот проблем со палењето како од Лукоил.
Од тогаш се вратив повторно на 95ка Макпетрол и само тој го точам.
А разлика во потрошувачката или во влечењето не осетив со ниту еден бензин, само ова со палењето ми прави проблем со другите бензини.