Автор Тема: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI  (Прочитано 86611 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #75 на: 05 Септември 2017, 19:53:30 pm »




Интересни бројчиња :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен bubeqwerty

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 570

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #77 на: 22 Септември 2017, 09:06:39 am »
Ме потсети постот на @vlatko.klp да пишам и ја еден осврт на возилото, после скоро 3 месеци поседување и речиси 3000 поминати километри.

Плус:
- иако бев поприлично скептичен за нисколитражен мотор во толкава кола, морам да кажам дека сум сеуште пријатно изненаден. Моторот одлично ја носи колата и целиот нејзин габарит, не е нешто стартен (али како што имам напоменато, по мене, не е битно за вакви возила у реален свет), безосетно си качува до 180, имам дигнато 190, а верувам дека ќе отиде и до 200. Истовремено, просечните потрошувачки, барем сега за сега се одлични. А да, и сеуште ме фасцинира колку е тивок моторот, како за дизел... Најгласно нешто е турбинчето.
- подвозјето е одлично дотерано за комотна вожња, но и за поригорозно (ама не претерано) влагање во кривини. Има ненормален напредок од аспект на возни перформанси во однос на прошлата Инсигнија. Воланот е многу подиректен, со многу повеќе фидбек. Мењачот е прекрасно усогласен со моторот.
- седиштата. Феноменални се.
- светлата и системот за осветлување. Изненаден сум, колку е само интелигентен системот за осветлување. Свака част. Не е само следењето на свиоците или аголното осветлување... Целосното адаптирање на снопот во зависност од околината и автоматското регулирање на долгите светла дефинитивно се огромен плус. Системот препознава црвени светла пред тебе (возило, точак, што и да е), светла на возила од спротивната насока, препознава градски околини, препознава ниво на осветленост на раскрсници итн итн, и соодветно ги регулира долгите светла, или снопот на средните.
- сензорот за дожд. Фина работа
- греење на волан.
- "Blind spot monitor"
- Intellilink 900 системот (мултимедија, навигација, камера за рикверц). Има одлична интеграција со Епл, така да, телефонот функционира беспрекорно. Блутут поврзувањето е 3 секунди работа, а после тоа, телефонот може комплетно да се контролира преку командите на волан. Дури и поврзувањето со 10 години стар ајПод е песма лета. Го поврзав директно со дата кабел, не преку AUX, и повторно, уредот комплетно се контролира преку командите на волан (или системот на централната конзола). Навигацијата е доста детална и брза, но понекогаш пребарувањето знае да заглиби малце. Камерата за рикверц е добредојдена при толкав гс
- клима/вентилација за патниците позади.
- Opel OnStar. Одличен сервис! Ја следи рутата каде што сакам да одам, и ми дава известувања и опции за рерутирање доколку има застој, сообраќајка итн итн.
- фабрички затемнетите стакла и самозатемнувачкиот среден ретровизор.
- самозатворачка врата од багажник. Не е на дугме па да се спушти самата, туку нема потреба да се лупа за да се затвори. Само се спушта до доле, па после самата си клапнува и се затвора.
- одлична понуда на простор во кабината, и сосема солидна понуда на простор во гепекот.
- 3 х 12 волтни приклучоци (2 во кабина и еден во гепек) плус 1 х 230 волтен на средишната конзола.
- одлична изолација.
- целокупниот изглед на колата многу ми прави мерак.

Минус:
- Опел ко Опел... Почна да ми јавува крцкање на горната лајсна на возачката врата, одма до прозорот што е. Проблем е што ја потпирам раката таму, кога возам со една рака. Не се јавува стално, ама кога се јавува, нервира. Не знам дали некакво подмачкување со нешто, би помогнало за таа ситуација, пошто има допирање и триење на цврсти материјали, па поради тоа се јавува звукот.
- штитниците за сонце се премногу дебели, па не може да се стават држачи за наочари.
- борд компјутерот е прилично непрецизен. Има 0.6-0.8 литри разлика во тоа што покажува, и тоа што ми испаѓа според сметките.
- нема „стапче“ за мерење на количество на средство за миење на шофершајбна. Има сензор да ти каже кога немаш, ама нема начин у било кое време да увидиш до кое ниво е.
- звучничето за предните паркинг сензори е многу гласно. Не знам дали има можност да се стиша малку, али радо би го направил тоа... Ептен се дере. За задните е многу посуптилно.

Следен чекор би бил, набавка на кровни носачи и куфер. Можеби и други раткапни за зимските тркала.

Тоа би било тоа што ми текнува у моментов и што имам приметено. Се' на се', прекрасно семејно возило кое од ден во ден го засакувам се' повеќе и повеќе. Во ниеден момент не се каам за изборот.

Еве една фотка за заокружување на дугачкиот пост :)

« Последно менување: 22 Септември 2017, 09:23:37 am velestrumf »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #78 на: 22 Септември 2017, 11:48:45 am »
OnStar системот е многу кул работа. Штета што во Македонија не функционира баш како што треба (исто како што не функционираат BMW ConnectedServices рецимо), ама далеку сме од тоа.

За крцкањето, побарај на бензинска силиконски спреј, би требало да помогне. :)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8122
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #79 на: 22 Септември 2017, 15:02:32 pm »
А браос.

Толку.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #80 на: 22 Септември 2017, 18:09:52 pm »
Каква трагедија од колава, немала дипстик за течност за прозори :o
Не се заебаај, бришИ ја таа „негативност“ од листата... :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #81 на: 22 Септември 2017, 18:31:09 pm »
OnStar системот е многу кул работа. Штета што во Македонија не функционира баш како што треба (исто како што не функционираат BMW ConnectedServices рецимо), ама далеку сме од тоа.

За крцкањето, побарај на бензинска силиконски спреј, би требало да помогне. :)
Внимателно со силиконски спреј во затворен простор. Мора да се луфтира многу и корне заносно. Ќе треба со отворена врата да стои колата ширум барем ден два.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #82 на: 22 Септември 2017, 18:32:53 pm »
Шо е то дипстик за течност за бришачи и зошто би ти била потребна...првпат слушам некој да проверва колку има останато од неа :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #83 на: 22 Септември 2017, 18:36:52 pm »
Да си најде маана, не дека ги има колата.... :P

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8122
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #84 на: 22 Септември 2017, 19:07:06 pm »
Бордот ќе каже ваљда дека имат снемано...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #85 на: 22 Септември 2017, 19:07:37 pm »
Ме интересира што велиш бордот е непрецизен, како точиш гориво? Секогаш ја танкираш скроз до даска?

Најдов еден текст еднаш пред година дена, вели компјутерот знае во секој момент колку точно гориво троши. Компјутерот го знае притисокот во fuel rail, го знае капацитетот на дизните, знае колку импулси пушта и под кој притисок. Се сеќавам дека текстот заврши со констатација: компјутерот не лаже, совршено ја знае вистината, у тој стил.

Е сега, кажи ми дали си ја направил следнава споредба:
1. Брзина според OBD (брзината на движење на возилото кое компјутерот ја добива и користи за пресметки)
2. Брзина на километража (брзината која човекот ја гледа а исто и темпоматот)
3. Брзина спрема GPS

Дали има отстапки?

Моја теорија е дека во пресметката на потрошувачката од страна на компјутерот може да има отстапки кои се должат на калибрација, поради различен радиус на тркалата и други фактори. Исто така, компјутерот ја мери потрошувачката во микрoлитри во милисекунда (ul/ms) односно волумен на гориво во единица време пута брзина на движење. Така да има разлика и во горивото зошто различен квалитет на горива имаат различна специфична тежина.

Кога ќе ги земеш овие фактори во предвид, у теорија можно е да се калибрираат сите параметри идеално да одговараат. На пример, поголем радиус на тркала пресметката на потрошувачката од страна на компјутерот нема да биде регистрирана, но ти ќе ја приметиш при точење у теорија ако пресметуваш според реална брзина, тоест спрема GPS и разликата може и да ја снема сосем..

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #86 на: 22 Септември 2017, 19:27:52 pm »
Брзината е битна само за моменталната потрошувачка. Вкупно поминатите километри се битни за просечна потрошувачка.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #87 на: 22 Септември 2017, 19:30:36 pm »
Брзината е битна само за моменталната потрошувачка. Вкупно поминатите километри се битни за просечна потрошувачка.


Да де. Само прашањето е дали за исто растојание ќе покаже повеќе или помалку километри и тоа влијае

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #88 на: 22 Септември 2017, 19:33:51 pm »
А бе штом лаже - лаже, сеа брзината ваква била или онаква...
Од А до Б  кажува дека троши 10% помалку, отколку што реално троши. Која е причината, ич да не му се замара. Компјутерот, точно знае колку време и со кој притисок му треба да шприцне гориво, ама не мери милилитри...је*ига, тие се пресметуваат. Таа пресметка е промашена за малце. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #89 на: 22 Септември 2017, 20:42:59 pm »
Греач на волан, па па па .. што ли ќе измислат следно, греач на рачката за жмигавци ...