Автор Тема: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI  (Прочитано 86540 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« на: 06 Јули 2017, 09:58:39 am »
Нов љубимец во домот :)

Ја заменивме плавата Инсигнија и ја земавме оваа со доплата. Се работи за кола со прва регистрација во 02.2016, со поминати 20800 км кога ја земавме. Има 1.6 турбо дизел мотор со 136 КС и е со Еуро 6 норма. Си ги задржавме таблиците :)

Колава е значително поопремена од прошлата, и башка, не може да се долови колку добро изгледа бојата во живо. Стојам зад тоа дека пред фејслифтот повеќе ми се свиѓаше однадвор, ама ќе пробам тоа да не ми пречи :)

Фејслифтот најмногу се осеќа внатре. Имаат посветено многу внимание на квалитетот на материјалите и на дополнителна изолација на кабината. Средишната конзола веќе не е со премногу копчиња, а воланот е поубав на лик. Се приметуваат и подобрувања во подвозјето и однесувањето на колата при возење. Воланот не е толку без осет, во однос на како беше претходно.

И оваа е со истите AGR седишта како и претходната. Има греење на предните седишта и на воланот. Има автоматска клима, вентилациски отвори и позади (што е битно) и 230 V приклучок :)

Друго од опрема: Би-Ксенон светла со AFL и LED дневни светла, навигација со екран на допир, темпомат, Blind Spot Monitor, паркинг сензори + камера назад, затемнети задни стакла, електрика на сите прозори, HSA (Hill Start Assisstance), ABS, ESP+, Opel OnStar, итн итн... Ми рекоа дека има и Opel Eye (систем што ги чита сообраќајните знаци) и систем за автономно паркирање, ама треба да проверам, уште не сум стигнал :)

Вози на Good Year 4 Vector (all season) гуми 225/50 R17, кои се релативно тазе (4215) и имаат солидна шара. Мене лично, не ми праат мерак ол-сизн гуми, ама си ги задржавме зимските, па здравје, у наредна прилика ќе туриме соодветни летни гуми на овие бандажи.

Мислев дека 1.6 моторот нема да е доволен за колава, ама ја возев и низ град, и на отворено, и бев прилично позитивно изненаден колку е живчан. Низ град мука си нема со „влечење на габаритот“, а на отворено си ги збичи до кај 180 без никакво колебање. Доста пријатно изненаден сум од можностите. Мене лично, ме радува и ми е битно што исполнува Еуро 6 норма.

Еве и пар сликичина:

































The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #1 на: 06 Јули 2017, 10:02:37 am »
Прв да ти бидам :)

Ајде со здравје да се вози.
Бојата е погодена ептен а и опрема машала....

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #2 на: 06 Јули 2017, 10:03:15 am »
Разумен избор, одлично возило.

Со здравје да си ја возите.

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #3 на: 06 Јули 2017, 10:08:00 am »
Вистинско фамилијарно возило, мене фејсот на овој модел најмногу ми се свиѓа.
И сеа мала шала, моментот со фул резервоар, прајслес :)
Со убаво да си ја возиш.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #4 на: 06 Јули 2017, 10:10:03 am »
Преубава, со здравје да си ја возите, добар избор, уште подобар би бил оној со 160  коња, ама и ова е доволно :)
Да те служи долго.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6477
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #5 на: 06 Јули 2017, 10:11:02 am »
Убајна, многу поубаво од претходникот. Се гледа дека внатрешноста е далеку подобро склопена. Нова кола ти е ова со 20.000. Честитки!

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3469
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #6 на: 06 Јули 2017, 10:11:42 am »
Одлична е, јас па баш мислам дека фејслифтот е поубав, бојава е онаа кафената со златни кристали? :D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #7 на: 06 Јули 2017, 10:47:39 am »
И мене ми е поубава со фејслифтот....
Ајде со здравје да се вози..
Ко што си тргнал, брзо ќе стигнеш до оваа...




Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43702
  • Il Moderatore
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #8 на: 06 Јули 2017, 10:52:55 am »
Одлична замена. Старо за Ново! ;)
Со здраве да се  вози и уба срејчата да и биди!
Ме интересира откако ќе ја изгустираш низ град и низ автопат, каква е разликата меѓу 2.0 и 1.6 дизелите у вожња со оглед на сличната снага.  Кај ќе се покаже едниот бољи, каде другиот.



Ко што си тргнал, брзо ќе стигнеш до оваа...


Како што тргнал, ќе стигне до 1.0 цдти :P (шаааалааа!) ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #9 на: 06 Јули 2017, 11:05:36 am »
Честито нова кола,со здравје да се возите.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #10 на: 06 Јули 2017, 11:10:30 am »
Ај љуби га деда...
Оваа да те служи долго време.
Верувам 3.9/100км ќе извадеш на оваа

Sent from my GT-I9301I using Tapatalk


Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #11 на: 06 Јули 2017, 11:14:14 am »
Со здравје да се вози. Преубава е :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #12 на: 06 Јули 2017, 11:24:02 am »
Честитки на изборот :)
Со здравје да се вози ЛепО :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #13 на: 06 Јули 2017, 11:29:54 am »
Убава, со здравје да се вози! :)

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Opel Insignia ST Innovation 1.6 CDTI
« Одговори #14 на: 06 Јули 2017, 11:30:32 am »
Аууу топ! Одличен избор! Бојата е перверзија! Бравос!

Мерак за очи!

Создравје да ја возите! Многу безгрижни километри!