Кажи им на хејтерчињава што викаат Инсигниата била срање, крцкала и се распаѓала.
Proper car.
Бидејќи знам дека ова се однесува на
мене...
Хејтер, не хејтер, секогаш забелешките што сум ги изнесувал околу колите биле објективни. Првиот контакт што воопшто го имав со Инсигниа беше на времето кога Велештрумф ја донесе да ја видам. Уште тогаш,
двајцата забележавме дека на нова кола што чини 30.000 евра и имаше поминато едвај неколку илјади километри рачките за повлекување и затварање врати крцкаат (и тоа прилично гласно) и дека целата централна конзола се мрда лево-десно и крцка кога ќе ја допреш со колено.
Инаку, никогаш не сум оспорувал дека Инсигниата е добра кола. Ем секогаш добро ми изгледала, ем своевремено беше најсаглам продукт на Опел. Особено добро ми изгледаше пред фејслифтот, со ОПЦ-лајн пакет.
Не сум имал можност да повозам фејслифтирана Инсигниа, како оваа на Веле, но сигурен сум дека се решени тие проблеми.