Ме потсети
постот на
@vlatko.klp да пишам и ја еден осврт на возилото, после скоро 3 месеци поседување и речиси 3000 поминати километри.
Плус:
- иако бев поприлично скептичен за нисколитражен мотор во толкава кола, морам да кажам дека сум сеуште пријатно изненаден. Моторот одлично ја носи колата и целиот нејзин габарит, не е нешто стартен (али како што имам напоменато, по мене, не е битно за вакви возила у реален свет), безосетно си качува до 180, имам дигнато 190, а верувам дека ќе отиде и до 200. Истовремено, просечните потрошувачки, барем сега за сега се одлични. А да, и сеуште ме фасцинира колку е тивок моторот, како за дизел... Најгласно нешто е турбинчето.
- подвозјето е одлично дотерано за комотна вожња, но и за поригорозно (ама не претерано) влагање во кривини. Има ненормален напредок од аспект на возни перформанси во однос на прошлата Инсигнија. Воланот е многу подиректен, со многу повеќе фидбек. Мењачот е прекрасно усогласен со моторот.
- седиштата. Феноменални се.
- светлата и системот за осветлување. Изненаден сум, колку е само интелигентен системот за осветлување. Свака част. Не е само следењето на свиоците или аголното осветлување... Целосното адаптирање на снопот во зависност од околината и автоматското регулирање на долгите светла дефинитивно се огромен плус. Системот препознава црвени светла пред тебе (возило, точак, што и да е), светла на возила од спротивната насока, препознава градски околини, препознава ниво на осветленост на раскрсници итн итн, и соодветно ги регулира долгите светла, или снопот на средните.
- сензорот за дожд. Фина работа
- греење на волан.
- "Blind spot monitor"
- Intellilink 900 системот (мултимедија, навигација, камера за рикверц). Има одлична интеграција со Епл, така да, телефонот функционира беспрекорно. Блутут поврзувањето е 3 секунди работа, а после тоа, телефонот може комплетно да се контролира преку командите на волан. Дури и поврзувањето со 10 години стар ајПод е песма лета. Го поврзав директно со дата кабел, не преку AUX, и повторно, уредот комплетно се контролира преку командите на волан (или системот на централната конзола). Навигацијата е доста детална и брза, но понекогаш пребарувањето знае да заглиби малце. Камерата за рикверц е добредојдена при толкав гс
- клима/вентилација за патниците позади.
- Opel OnStar. Одличен сервис! Ја следи рутата каде што сакам да одам, и ми дава известувања и опции за рерутирање доколку има застој, сообраќајка итн итн.
- фабрички затемнетите стакла и самозатемнувачкиот среден ретровизор.
- самозатворачка врата од багажник. Не е на дугме па да се спушти самата, туку нема потреба да се лупа за да се затвори. Само се спушта до доле, па после самата си клапнува и се затвора.
- одлична понуда на простор во кабината, и сосема солидна понуда на простор во гепекот.
- 3 х 12 волтни приклучоци (2 во кабина и еден во гепек) плус 1 х 230 волтен на средишната конзола.
- одлична изолација.
- целокупниот изглед на колата многу ми прави мерак.
Минус:
- Опел ко Опел... Почна да ми јавува крцкање на горната лајсна на возачката врата, одма до прозорот што е. Проблем е што ја потпирам раката таму, кога возам со една рака. Не се јавува стално, ама кога се јавува, нервира. Не знам дали некакво подмачкување со нешто, би помогнало за таа ситуација, пошто има допирање и триење на цврсти материјали, па поради тоа се јавува звукот.
- штитниците за сонце се премногу дебели, па не може да се стават држачи за наочари.
- борд компјутерот е прилично непрецизен. Има 0.6-0.8 литри разлика во тоа што покажува, и тоа што ми испаѓа според сметките.
- нема „стапче“ за мерење на количество на средство за миење на шофершајбна. Има сензор да ти каже кога немаш, ама нема начин у било кое време да увидиш до кое ниво е.
- звучничето за предните паркинг сензори е многу гласно. Не знам дали има можност да се стиша малку, али радо би го направил тоа... Ептен се дере. За задните е многу посуптилно.
Следен чекор би бил, набавка на кровни носачи и куфер. Можеби и други раткапни за зимските тркала.
Тоа би било тоа што ми текнува у моментов и што имам приметено. Се' на се', прекрасно семејно возило кое од ден во ден го засакувам се' повеќе и повеќе. Во ниеден момент не се каам за изборот.
Еве една фотка за заокружување на дугачкиот пост