Можеби на нас никој не може да ни угоди, или поточно се нешто ни смета, но критиките никако да не ги сфатите како нешто негативно, напротив, од критиките се поправаат грешките кои секојдневно се прават. Членот погоре има право за видеото, секако тоа е и до сопствен вкус али музиката со видеото воопшто не пасува(ајде се закачивме за позадината на видеото, али јбг ти се губе визуелноста од позадината). Не видов никаде тема општо за порталот каде може да се прати критика/пофалба па затоа тука ке пишам нешто општо за порталот, секако со добра намера и тоа е само мое мислење не мора да значи дека сум јас во право...
Текстот/рецесијата за колите ви е супер на место, али нешто многу ме мачи и ме притиска, дизајнот на порталот.
Колкав простор неискористен, поточно текстот заедно со рекламите ти се само 1/2 искористена од целовкупниот простор, рекламите ти се 1/3 од таа половина, не знам колку е аптејтирана страната, но вакви дизајни се користеа пред 10-15 години... За портал воопшто не е препорачано ваков дизајн, пошто има премногу слики и видеа, да беше само текст ок, но вака не знам како да кажам, воопшто не ми се допаѓа дизајнот, не сум сигурен но мислам дека користете Јоомла застарена скрипта(можеби сум грешка). Рецесијата за колите, распоредот на текстот заедно со сликите и видеото е многу добро средено, али сето стиснато на средина, за жал.
Како што кажав, ова е само мое мислење, добронамерна критика, можеби не сум во право али се разбирам во таа област веб дизајн, графика, ИТ и сл. ама пак ке кажам, можеби тоа е вкус на газдата и така го ќефи...