Здраво, имам едно прашање.
Кога се прави редовен сервис на плинот и што се подразбира под тој сервис?
Конкретно кога го менував моторот на возилото направив сервис на Lovato Smart 4 кај овластен сервисер за Ловато во Прилеп, односно промена на двата филтри за плин (имаше и оштетено црево но тоа не го сметам) и калибрација.
Од тогаш имам поминато околу 5000км и имам направено мал сервис на возилото (пеомена на масло и филтри) и некои сервисери велат дека плинот се сервисира секогаш после промена на моторно масло.
Ме интересира Вашето мислење.
Благодарам.
Здраво
Редовното одржување на плинскиот ред вклучува
-На секои 20,000 км кмконтролен сервис и замена на филтер за гасна фаза. Цената за замена на филтер за гасна фаза за системите на Lovato изнесува 900 денари.
-На секои 40,000 км замена на филтер за течна фаза. Цената за замена на филтер за течна фаза изнесува 600 денари.
При секоја пронема на филтер се прави дијагностика и калибрација на софтверот. како и проверка и корекција на инсталацијта и компенентите на уредот.
Редовното одржување на плинскиот уред не е директно поврзано со интервалите на одржување на моторот на возилото.