Здраво,
дали вградувате плин на возило под гаранција и дали гаранцијата од овластениот сервис ќе важи после инсталацијата на плински систем?
Се работи за Citroen C3 1.2 Puretech 83кс 2021.
Какви уреди имате да понудите за тоа возило и дали тој мотор е проблематичен за плин?
Здраво. Се работи за модел на кој за потребите на Автонова вградивме плински уреди на голем број на возила. Моторот 1.2 со 3 цилиндри сосем солидно се однесува на плински погон. За Автонова работено е на сосем нови возила, по нивна нарачка. За задржување гаранција за веќе користенно возило најдобро е да се обратите директно кај нив.
Наша препорака за Citroen C3, 1.2/ 82 ks, се следните плински уреди:
-Landirenzo Evo OBD - 675 eur
-Landirenzo Evo - 605 eur
-AC Stag Q-Next - 520 eur
Системите се вградуваат во комбинација со:
- торусен резервоар кој се поставува на место на резервно тркало со зафатнина од 42 или 48 литри
- со tank-fopper кој е наменет да го корегира покажувањето на нивото на бензинот (кое кај ова возило ќе отстапува заради користење на друго гориво)