Здраво Плимонт, имам повторно проблем со плинскиот уред. Дали имате колега со кого соработувате во Прилеп (Плинови Монт или Автогас Сервис)? Или кои можат да бидат причините за ова?
Да напоменам дека и понекогаш покажувачот стои вака и си пали на бензин, ако ја запалам одново колата си префрла на плин и си светнува зелено сијаличе и покажува ниво на плин.
Проблемот е следен:
Ист проблем, ама обратна ситуација. Сега ладна гаси, во моментот кога ќе префрли на плин, паѓаат вртежите на 500, во голем дел од случаите вртежите ги крева на 800, а во помал дел од случаите не успева и гасне.
Репарирана расплињача комплетно(мембрани и сѐ што има во неа) и прештелован плинот пред 2000км(2 месеци). Потрошувачка ниска, брз старт, во одредени случаи подобро забрзување на плин, но проблемот остана. Помош?
Степ моторче да ме дупи¿ Чудно ми е, имам друга клапна комплетна нечепкана, да го исчистам степ моторчето и да го монтирам. Дали е за на плинар? За на електричар 90 не е. За на механичар и таму мислам дека не е (исправна комплетно, од компресија, до најредовни (предвремени) сервиси, сѐ до штрафче ново, филтер за воздух чист, антифриз нов, убаво си грее кабината, нивото на масло и антифриз е колку што треба да биде, забрзувањето е согласно со фабриката (дури и подобро со нов ауспух)).
Повторно јас, можеби досаден ви станав.
Имам проблем со Ловато 4та генерација (конкретно Lovato Smart 4 монтиран 2013та година сервисиран на секои 10.000км) дизна-плин.
Проблемот се случува еднаш месечно откако дојде летото и затоа е тешко да се дијагностицира.
Се работи за следниов проблем:
Имам проблем кога колата (Opel Astra G 1.4 16V 1998) е оставена на сонце и под саух, тргнувам полека околу 300 метри, ја шалтам втора на 2000 вртежи, префрла на плин, стискам кумплунг, паѓаат вртежите на 0 и гасне. Потоа пали на прва и вози(нема разлика во снага бензин/плин). По форуми читав дека температурата за префрлање на плин е ниска, кај мене мислам дека е на 30°C и префрла многу брзо кога колата е стоена на сонце.
Инаку заменети се две црева од плинот и бензинот и контролирани останатите, променет филтерот за течна и гасна фаза, фина калибрација на системот и тест возење пред 7000км. Направен е мал(детален) сервис пред околу 2000км. Воедно од мене беше проверена комплетно на дијагностика и не видов никаков проблем. На плин во одредени случаи е побрза отколку на бензин иако ми рекоа дека можно е да е до дизните, во лер нема осцилација на вртежи рамно си стојат на 775 вртежи, а air-to-fuel ratio е 14.6.
Ваш совет?
Електровентил можеби?