Цената на LPG плински уред за Corolla 1.6 е 610 евра.Ова е цена за уред Landi Plus Max со торусна плинска боца која се поставува на место на резервно тркало и дозатор со масло за ладење на вентилите.
Можноста за прегревање на вентили постои и со возење на плински - LPG погон, но е многу помала отколку на метански погон. Веќе напишавме дека со примена на превентивни мерки, како што е користење на масло за ладење на вентилите и избегнување на подолго и секојдневно возење на високи вртежи, не се јавуваат проблеми.
Во пракса, препораките да се внимава особено се однесуваат на возила на сопственици кои живеат во Тетово, Куманово или Велес, а кои работат во Скопје, односно возила кои секојдневно се возат на автопат.
Конкретно, за Corolla 1.6 од 2003 година досега немаме возило кај кое има јавено проблем со вентили по вградување на плински уред.