Kaj modelite proizvedeni megu 2004 i 2007 god, postoi verojatnost od aktiviranje na check-engine (anti-polution)
Кој е проблемот што се светнува check engine
Кај 307-ка и Цитроен C4, произведени помеѓу 2004 и почетокот на 2007 година, дел од возилата имаат нерамномерно работење на ниски вртежи (лер-гас) на бензиски погон. Со вградување на плински уред, варијациите за нијанса се зголемуваат, што кај мал дел од овие е доволен услов за да го активира ,, anti-polution,,.
Дури некои 307 и C4-ки доаѓаат за вградување на плински уред со веќе активиран ,, anti-polution,,.
Повеќето возила (дури и тие со активиран check-engine на бензиски погон) во Плимонт се решаваат со релативно едноставна постапка.
За неколку возила имаше потреба од сервисот на овластениот импортер кој поседува матичен тестер и обучен персонал, по што се направи потребната корекција. Во вакви случаи, нашата воспоставена соработка со импортерите на нови возила е од голема корист. Бројката на вградени плински уреди во возила од типот 307 и C4, веќе е неколку стотини, оваа непријатност се решава, но сепак наша должност е навремено да го информираме за тоа клиентот