Автор Тема: CARclub Тест: Maserati Ghibli Diesel  (Прочитано 26577 пати)

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: CARclub Тест: Maserati Ghibli Diesel
« Одговори #60 на: 07 Јануари 2016, 13:07:07 pm »
Ф10 535д растур го прави.
Според интернетот.

http://www.zeperfs.com/en/duel4974-4318.htm

 ;D

Плус, попрактично е во караван верзија.  ;D
Point is, и покрај сѐ, јас попрво би одбрал гибли. И само заради знакот од пред и потписот масерати позади! Во држава полна со беемвиња, од сељачки модифицирани до елегантни, каде секој втор вози беемве, баш би сакал да се издвојам од толпата и да си бидам свој. Баш ради тоа - масерати. А бројките, посебно на хартија, во конкретната споредба, мање битно!
Прилично сум сигурен дека не сум единствениот што размислува вака, дека покрај соодветна конкуренција би го одбрал тоа по невообичаеното, а масерати е токму тоа,барем засега...

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: CARclub Тест: Maserati Ghibli Diesel
« Одговори #61 на: 07 Јануари 2016, 13:29:39 pm »
Ајде..ќе видиме како ќе се покаже на тест во споредба со германциве...
Да не излезе на крај дека е само "различен" и толку.

Во старт, перформансите и економичноста не му се најјака страна кога за првото го делат нијанси од пасатoв битурбо дизел 4 чилиндраш, а економичноста не го прави ништо  поразличен од мерцедес со ист мотор, деценија постар.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг:
« Одговори #62 на: 07 Јануари 2016, 13:39:12 pm »
А што очекуваш освен "различен"?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Maserati Ghibli Diesel
« Одговори #63 на: 07 Јануари 2016, 13:43:50 pm »
Ајде..ќе видиме како ќе се покаже на тест во споредба со германциве...
Да не излезе на крај дека е само "различен" и толку.

Во старт, перформансите и економичноста не му се најјака страна кога за првото го делат нијанси од пасатoв битурбо дизел 4 чилиндраш, а економичноста не го прави ништо  поразличен од мерцедес со ист мотор, деценија постар.
Ќе биде Maserati во споредба со останатите.  Доволно е.
И сам разбираш дека е тотално нонсенс споребата со пасат и 10 годишна старудија. Не гледам поента во споребата.
Чекам уште да спомнеш за парите каков Hellcat се купува.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: CARclub Тест: Maserati Ghibli Diesel
« Одговори #64 на: 07 Јануари 2016, 13:45:02 pm »
Еве сега.

А што очекуваш освен "различен"?

За парите, доста побрз од пасат, нешто поекономичен од Мерц.
Сепак, Масерати е тој што треба да понуди нешто повеќе од сите за да биде купен од мноштво луѓе кои би се откажале од германски safe bet.
Ако од друга страна сакаат да продаваат исклучиво екслузива, без некој посебен профит...тогаш нека си тераат и вакa. Дека го личи, го личи.

Јас ако кажам што би купил за таа сума ставена во дропка со изглед, перформанси, различност, квалитет и економичност- нема да кажам , да не бидам досаден. ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Maserati Ghibli Diesel
« Одговори #65 на: 07 Јануари 2016, 13:52:30 pm »
Ценовно и класно, Maserati-то треба да се споредува со Jaguar XF, BMW 6 Gran Coupe, Mercedes CLS (Audi A7 Со забелешка за заден погон). Тука гледај ги перформансите на соодветниот мотор, цената и потрошувачката. Се` друго ти е нонсенс споредба која само тебе може да ти служи за да си го наштимаш умот дека не ја бива колата.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг:
« Одговори #66 на: 07 Јануари 2016, 13:53:42 pm »
Прашањето е дали може да се мери со тие, воопшто.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #67 на: 07 Јануари 2016, 13:56:29 pm »
Може само вода да им носи на тие аута.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: CARclub Тест: Maserati Ghibli Diesel
« Одговори #68 на: 07 Јануари 2016, 13:57:08 pm »
Масеративо пред ЦЛС?





Сериозен? ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Maserati Ghibli Diesel
« Одговори #69 на: 07 Јануари 2016, 13:59:22 pm »
Прашањето е дали може да се мери со тие, воопшто.

Па како за прво ауто од тој сегмент (не знам дали е прво, ама многу време поминало, па не памтам кое друго ауто им било во тој сегмент) на Масерати, добро му иде продажбата. Веројатно може, штом стигнува до купувачите.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Maserati Ghibli Diesel
« Одговори #70 на: 07 Јануари 2016, 14:08:05 pm »
Масеративо пред ЦЛС?

Сериозен? ;D

Прилично:






Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг:
« Одговори #71 на: 07 Јануари 2016, 14:09:39 pm »
Така можам да речам дека е и со конкурент со Лотус. И пак стига до народот.

Стига зошто е различно. Нема друга предност.

Со ЦЛС врска нема или со А7. Ако сме искрени. Колата е во рамките на А5 и Ц класа и бмв 3.  Сериозен недостаток на простор во однос на поголемите.
Иако не е фер да се споредува со бмв 3 иако се исти заради разликата во седишта. Знам. И мене не ми се свиѓа тоа. Поготово со цените на БМВ.

Сеедно. Реалната приказна е дека А7 и ЦЛС нудат простор соодветен на седиштата. Иако јас би рекол дека и тој е премал. Затоа А8 во кина продава А8Л.

За мене субјективно кога зборуваме веќе е VW CC 4motion  на листата пред Гибли. Истата поента на седишта, не како клупата на БМВ. повеќе простор насекаде, купе дизајн, фрејмлес врати и одличен изглед. Еве вака искрено кажано.

П.с. не дека треба да се сложиме, нормално.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: CARclub Тест: Maserati Ghibli Diesel
« Одговори #72 на: 07 Јануари 2016, 14:15:10 pm »
За крај, да појсанам дека колата ми се допаѓа, но не ми се допаѓа филозијата на Масерати " да се понуди различно, но не побрзо, поефтино или поекономично.( ако се испостави дека сум во право за колава) .
Од вакви филозофии на крај во загуба сме баш ние -  купивачите од проста причина што оние кои се на врвот никогаш нема да се осетат загрозени  се додека конкуренцијата е "различна"  но и подобра ( побрза, поекономична, поефтина).

Спротивно на оваа филозофија потапија корејците многу класи подоле со КИА и Хјундаи, па се случи она што се случи со онаа листата на Автобилд каде лидерите се најдоа на срамно 10, 15 то и 18 место а врвот беше завземен од Азијати.
Спротивно на оваа филозофија постапи Форд, кој го донесе Мустангот нудејки убедливо најмногу за платеното, па не беше изненадување кога факинг исмејуваниот американ масл беше најпродавано спортско ауто за прва половина на 2015.

Вакви потези се потребни во автоиндустријата за подзаспаните лидери малку да засукаат ракави и да се подиспотат нудејки подобри, а поефтини решенија од кои крајниот резултат го имаме НИЕ купувачите.
Се додека од конкуренцијата се нудат само и исклучиво "различни " но не и подобри решенија за одбрана раја " со укус"... оние на врвот ќе си дремат и ќе ти бараат доплата за задни електрични стакла во 21 век.

Are we clear ?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Maserati Ghibli Diesel
« Одговори #73 на: 07 Јануари 2016, 14:17:10 pm »
@Deni, Можеме да зборуваме дека има помалку место, послаби перформанси и сл, но во рамките на класата. Различни возила имаат различни карактеристики. Меѓутоа негов сегмент се тие што ги кажав погоре. На кој му значи простор, нека бира од другите. На кој му значи имиџот на беџот, нека гледа кај Јаг и Масерати. Разни луѓе, разни афинитети. Нема секој потреба од премногу простор на задните седишта. Ти си единствениот што досега се пожали на место позади во масератито. Јас немав проблем со седнување позади откако станав од предното седиште. Ти можда си некој сантим повисок, ама не драстично за да го прикажуваш како BMW3, затоа што во BMW3 има солидно помалку место на задните седишта.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Maserati Ghibli Diesel
« Одговори #74 на: 07 Јануари 2016, 14:27:01 pm »
Многу е лесно да се разбере зошто Maserati може да си дозволи да му конкурира на BMW 5 ценовно, без притоа да биде побрз или поекономичен, или дрн-дрн.

BMW 5 во 2014 се продал во 373.053 примероци. Maserati во 2014 продал вкупно 36.500 возила, од кои 23.500 биле Ghibli.

Ексклузивност. Maserati сака да зголеми волумен, али ни од далеку да има толкав колку што има BMW. Дополнително, угледот на сопствениците на BMW не е којзнае каков, да бидеме реални. Просечниот сопственик на BMW е ко оној од Драчево. Просечниот сопственик на Maserati е Господин Човек. Затоа може да се оправда разликата у цена од 10.000 евра.