Генерално, корејците се многу, многу квалитетни - али треба една работа секогаш да се има во предвид.
А тоа е реалноста дека корејците прават прилично едноставни, не-премногу-хај-тек возила, и генерално такви возила и продаваат. Едноставни атмо-бензинци, без многу-многу технологија во нив. Соодветно на тоа, ефтини се за одржување, и нема што да се расипе.
Ќе видиме во следниве 5-6 години како ќе се покажат. Почнаа да фураат турбо-бензинци и турбодизели, и иако ги нема премногу по нашиве патишта, почнува да ги има сè повеќе (конкретно зборувам за KIA Sportage и Hyundai Tucson - возила што се итекако конкурентни, и со дизајн, и со опрема, и со цени), ама треба да видиме како ќе се покажат долгорочно.