Ајде вака..
Пасатот е 200 кила полесен, има 30% помал мотор, 35 коња и 100 Nm послаб мотор. Од друга страна, Масератито со V6 (во однос на I4) има значително повеќе паразитски загуби, итн.
Е сега.. Пасатот беше кај мене 4 дена. Имав време да го возам во разно-разни услови и на различни начини. Сум го возел и дење и ноќе, па сум успеал да стигнам до некоја ниска вредност во текот на тие 4 дена.
Масератито беше кај мене нешто повеќе од 8 саати. Во тие 8 саати требаше да возиме, да сликаме, а и да си го напраам меракот. Со сигурност ќе ти кажам дека повеќе сум го стискал Масератито, па со тоа и повисоката потрошувачка. Сигурен сум дека ако некој сака и има време, нерви и можности може да ја симне литар-два потрошувачката во град, на околу 10 литри на 100.
Ако сака.