Ааа сме ја запоставиле темава. Не бива вака.
Денес убав ден да се поработи малце на чист воздух.
Веќе подолго време "rumbling noise" се слушаше од предните тркала. Претпоставував дека се лагерите, а потврдата си дојде кога сменив летни со зимски гуми, а звукот си остана (да беше до гумите, ќе се променеше звукот со промена на други гуми). Ок, претпоставка двата лагери дека се отидени, левиот повеќе од десниот, пошто и лево и десно го слушав звукот.
Минатата недела набавени два предни лагери NTN/SNR, затоа што и фабричките се NTN/SNR. Можда има и подобри производители, но за овакви делови преферирам што стаила фабрика да ставам и јас. Сепак, знам дека OE и aftermarket веќе не е ист продукт, без разлика што е ист производител, но нека издржат барем половина од ОЕ, доволно ќе биде за мене.
Го сменив левиот лагер, онака доста претпазливо, следејќи го туториалот од autodoc:
https://club.autodoc.co.uk/manuals/how-to-change-front-wheel-bearing-on-alfa-romeo-159-sportwagon-replacement-guide-10421, но со мали прилагодувања, бидејќи brembo шепата бара друга процедура за отштрафување и фиксирање (односно не ја оставив да виси, бидејки има метално црево кое води до шепата, туку ја заштрафив повторно на рукавецот да не го оштетам цревото), и исто така има посебен зајеб со долната вилушка, бидејќи самиот рукавец е алуминиумски кај мене, а не челичен како на видеото. Сепак, добра појдовна точка е туторијалот. Ем ги има торк вредностите, што мене ми олеснува бајаги, да не мора да бркам по епери и слични документации.
Исто така „консултирав“ и други искуства, што од alfaowner, што од alfaworkshop, неколку видеа по јутуб, и на крај, мојот начин беше различен од сите тие
Реков ќе напраам туториалче кога ќе го менувам десниот лагер, но по тестирање на самиот лагер (у воздух) и тест вожњата, заклучив дека само левиот ја правел целата бука, па тој ќе остане за резева.
Некое сличе само сликнав, пошто како што кажав, планот беше повеќе да сликам откако ќе ја „увежбам“ процедурата на едната страна, но втората страна нема да биде во скоро време и нема да има туторијал.
На крај, благодарност до локалниот дуќан за резервни делови
@Prcot Људина од човека!