Автор Тема: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)  (Прочитано 198888 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #975 на: 10 Септември 2023, 22:43:25 pm »
Летово извозев по државиве наоколу скоро 5000км, некако страв ми беше, знаејќи дека ќе патувам доста. Еве сеа се собравме по дома, ќе има штрафење :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #976 на: 10 Септември 2023, 23:03:06 pm »
Идам утревечер со штранциѓерот, кај мене ти остана..
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #977 на: 10 Септември 2023, 23:13:41 pm »
Летово извозев по државиве наоколу скоро 5000км, некако страв ми беше, знаејќи дека ќе патувам доста. Еве сеа се собравме по дома, ќе има штрафење :)
Со се шлеп 5000 или без :) шала на страна уште важи понудата за бубрегот

Sent from my iPhone using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #978 на: 02 Март 2024, 18:55:53 pm »
Ааа сме ја запоставиле темава. Не бива вака.
Денес убав ден да се поработи малце на чист воздух.
Веќе подолго време "rumbling noise" се слушаше од предните тркала. Претпоставував дека се лагерите, а потврдата си дојде кога сменив летни со зимски гуми, а звукот си остана (да беше до гумите, ќе се променеше звукот со промена на други гуми). Ок, претпоставка двата лагери дека се отидени, левиот повеќе од десниот, пошто и лево и десно го слушав звукот.

Минатата недела набавени два предни лагери NTN/SNR, затоа што и фабричките се NTN/SNR. Можда има и подобри производители, но за овакви делови преферирам што стаила фабрика да ставам и јас. Сепак, знам дека OE и aftermarket веќе не е ист продукт, без разлика што е ист производител, но нека издржат барем половина од ОЕ, доволно ќе биде за мене.

Го сменив левиот лагер, онака доста претпазливо, следејќи го туториалот од autodoc: https://club.autodoc.co.uk/manuals/how-to-change-front-wheel-bearing-on-alfa-romeo-159-sportwagon-replacement-guide-10421, но со мали прилагодувања, бидејќи brembo шепата бара друга процедура за отштрафување и фиксирање (односно не ја оставив да виси, бидејки има метално црево кое води до шепата, туку ја заштрафив повторно на рукавецот да не го оштетам цревото), и исто така има посебен зајеб со долната вилушка, бидејќи самиот рукавец е алуминиумски кај мене, а не челичен како на видеото. Сепак, добра појдовна точка е туторијалот. Ем ги има торк вредностите, што мене ми олеснува бајаги, да не мора да бркам по епери и слични документации.
 
Исто така „консултирав“ и други  искуства, што од alfaowner, што од alfaworkshop, неколку видеа по јутуб, и на крај, мојот начин беше различен од сите тие :)
Реков ќе напраам туториалче кога ќе го менувам десниот лагер, но по тестирање на самиот лагер (у воздух) и тест вожњата, заклучив дека само левиот ја правел целата бука, па тој ќе остане за резева.

Некое сличе само сликнав, пошто како што кажав, планот беше повеќе да сликам откако ќе ја „увежбам“ процедурата на едната страна, но втората страна нема да биде во скоро време и нема да има туторијал.

На крај, благодарност до локалниот дуќан за резервни делови @Prcot  :) Људина од човека! :)
« Последно менување: 02 Март 2024, 19:18:36 pm Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #979 на: 02 Март 2024, 20:17:55 pm »
Хах, шо лесно било кај тебе, нова главина отштрафе заштрафе, ни преса ни ништо.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #980 на: 02 Март 2024, 20:23:00 pm »
Хах, шо лесно било кај тебе, нова главина отштрафе заштрафе, ни преса ни ништо.
Да, модерниве коли така ги праат во последно време. Затоа и се одлучив сам да менувам, да требаше преса, ќе морав мајстор, дома уште немам преса.
Инаку, имајќи предвид дека е Alfa Romeo верувај не е баш така лесно ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #981 на: 02 Март 2024, 20:30:21 pm »
Симо, 159-ка е излечена од болеста со дупли рамења, и крцкање на подвозјето? Патем, по правило, не треба да се менувс во пар?
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #982 на: 02 Март 2024, 20:37:07 pm »
Симо, 159-ка е излечена од болеста со дупли рамења, и крцкање на подвозјето? Патем, по правило, не треба да се менувс во пар?
Да, еве 194.000 има колата, долните вилушки се оригиналните. како и голем дел од подвозјето. Горните вилушки ги сменив пред две ми се чини години, но и тие беа веќе 150-160.000км. Така да, што се однесува до подвозјето, воопшто не е лоша.
За лагери на тркала, секако дека не мора да се менуваат во пар, за делови од овес, преферирам во пар да менувам (горните вилушки двете ги сменив, иако само едната „цвичеше“.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #983 на: 02 Март 2024, 23:20:00 pm »
Симо ти си само за главен инженер у Алфа !!!

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #984 на: 02 Март 2024, 23:49:35 pm »
Оти му посакуваш лошо на човека?

Нема пензија да го пуштат, секогаш ќе има работа додека не цркоса човекот...
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #985 на: 03 Март 2024, 15:51:43 pm »
Научен е он на мака :)

Сигурно ќе смисли подобро од нив како помалку комплицирано да се сервисираат колите :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #986 на: 03 Март 2024, 15:53:39 pm »
Научен е он на мака :)

Сигурно ќе смисли подобро од нив како помалку комплицирано да се сервисираат колите :)
Апсолутно. И без тронка сомнеж. За повеќето важи ова, Симо е екстрем. Инаку малку да видиш што работи и што дизајнира и инженерува по големиве фабрики коса ќе ти се крене. Општ хаос. Ретко некоја дивизија ептен па да има нешто попристојно.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #987 на: 03 Март 2024, 17:44:45 pm »
Да да, ме сВаќаш нели Славице....мислам стварно,  зар ќе седиме тука ќе троламе на форум. Абе секогша викам, мора да се напише нешто...не така да остајме. Чита шефот, што ќе си рече, демек дремеме само по форуми?!?
Мислам wеееwеее...Ајдеее маци, пауза дојде...брзо кафе да сркнеме

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #988 на: 03 Март 2024, 17:47:29 pm »
Нели Светле беше таа, бе :)))
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #989 на: 03 Март 2024, 18:26:48 pm »
А бе не дека не мислеле, мислеле и смислиле. Еве лагеров е цела компонента-главчина, тури - вади! Само треба да смислеле тоа тури-вади да биде уште мааалку поедноставно. Само требале да направат добар пристап до штрафовите, за да не мора да го откачуваш рукавецот од рамења. Картерот кога го симнував, све супер смислиле и рецесии на DMF-от за да пристапиш до одредени штрафови, супер. Ама уште маалку требало да смислат за да не мора да го отшрафуваш лагерот на меѓу-осовината (на „подолгата“ осовина) и држач за мотор. За горните вилушки само малку им требало да може штрафовите да ги извадиш без да мора да го олабавиш амортизерот од горното лежиште, итн. Турбото кога го менував, само малку преаранжирање на некои црева и водови, ќе можело да се смени со 12 отштрафени штрафа. Термостатот исто, пола усис да го растуриш за да добиеш пристап, а можело усисот малце другачие да се изрутира. Тие работи да ги мислат малце подобро, толку треба. Дизни кога менував исто имаше некои работи кои може да се реанжираат за полесно сервисирање. Пак све може да биде добар компактен пекиџ, само малце внимание да се посветело. Ама какви хорор причи има по другине марки, бенве, ауди мерцедес, кај што цели мотори се вадат од шасија за разни ситници (анласер промена, ланци менување и сл), Алфиве сеуште имаат добар пристап. Дури и поновиве, Џулија и Стелвио.
« Последно менување: 03 Март 2024, 18:32:56 pm Simo - Carrier159 »