Автор Тема: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)  (Прочитано 198736 пати)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #870 на: 27 Март 2022, 22:25:45 pm »
Симо, липот бееее, Симоооо!!!
Кукла!

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5553
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #871 на: 27 Март 2022, 22:28:28 pm »
Шприцни малце минимум на вратата,  дожд е најавен  за некој ден :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #872 на: 27 Март 2022, 22:38:46 pm »
Тоа се лузни од тешкиот живот, башка, не е Опел, да рѓоса  :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #873 на: 29 Март 2022, 11:19:04 am »
Кад је бал...


Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #874 на: 17 Април 2022, 22:30:50 pm »
Викендов беше наменет за вонстандардни сервисни интервенции на 159-ката.
Зимава, ми се појави еден чуден симптом. Имено, кога е надвор температурата под 3-4 степени, и колата е стоена подолго од 12-тина саати, на првтото палење светнува информација „Insufficient Oil Pressure", која исчезнува после 2-3 секунди. Прво се сомневав на слаб акумулатор и италијански табиет, ама сепак нешто ме копкаше да откријам што е муабетот. Трагање малце по нетов, сконтав дека и на други им се дешавало ова. И тоа на 2.0 jtdm најмногу, веројатно затоа што е позастапен мотор од 1.8tbi (делат ист картер и систем за уље). И други брендови го имаат истиов проблем, некаде повеќе изразен, некаде помалку, ама тоа е дурга прича, да не разводнуеме сеа.
Битно, дојде време за менување уље, и решив да се справам и со овој проблем.
Проблемот е лоциран во семерингот кој лежи помеѓу уљната пумпа и инката во картер. „У мое време“, инките ги врзуваа со штраф на уљната пумпа, а сега инката е врзана за картер (и е пластична) и со семеринг врзана за уљната пумпа. Семерингот со тек на време се укрутува и деформира, и уљната пумпа повлекува воздух наместо уље. Поготвоо кога е густо уљето (ниски температури) и кога е симнато целото во картер (отстоена колата). Кај TBi моторите, долгорочно игнорирање на овој проблем доведува до цркнати турба и растропани варијатори на брегастите, а ако и овие симптоми ги игнорираш, ќе треба и мотор да мењаш :) Јас, освен основниот симптом (дешборд информација за низок притисок), не сум имал ни еден друг, да куцнам у дрво.
Еве го уљезот:



Еве сличе каде најубаво се гледа како е сместен семерингот помеѓу пумпата и инката:




Еве сличе на мојот стар семеринг (десно) вс нов семеринг (лево):



Покрај што е видливо деформиран, стариот семеринг е и бајаги укрутен/нееластичен во однос на новиот.

И така, тргна викендот вчера :) Демонтажа на картер подразбира (редоследно):

- Симнување на заштита под мотор - 1000 штрафови (Прв зајеб, неколку зарѓани штрафови одземаа премногу време)
- Отштрафување на ламбда сонда
- Отшрафување на издувната грана од катализатор, поминува под картер, 5 штрафа
- Испуштање на старото уље (Втор зајеб, нормално, штопната престегната на сервис или (поверојатно) никад неизвадена на сервис - со шмукање на уљето полесно е изгледа)
- Отштрафување на држач на мотор, 2 штрафа
- Отштрафување на држач за помошниот лагер на полуосовина, 3 штрафа
- Отштрафување на цевка за турбо, 2 штрафа
- Отшрафување од картер на цевката за шипчето за уље
- Откачување сензор за количина на уље
- Отшрафување на штрафови од менувач, 2 штрафа
- Отшрафување на картерот, 10 штрафа

Ваљда толку беа...

Е сеа, зајеб бр 3! Два штрафа од картерот се наоѓаат точно позади замаецот. Арно ама, среќа смислиле отвори на тој простор, и замаецот има жлебови, таман да помине тенок дугачок клуч:



Треба да го ротираш замаецот, со штрафцигер на зупчаниците, низ еден од двата отвори, светејќи со сијалица додека не се поклопи жлебот на замаецот со штрафот... Некако успеав.
Олабавени штрафовите конечно, спремен е картерот да падне долу.
Потрошено време, од 9.30 до 15.30 со паузи (земање деца од активности, барање асална 13-ка 6-аголна за чепот од картерот, реално би рекол околу 4 часа да стигнеме до фаза „спремен е да падне картерот“ :)

Тука завршувам за Сабота, бидејќи фамилијарни обавези не ми дозволуваа попладне да работам. Пакувам Алатот, затварам гаража.


Недела. Време врнежливо, ветровито и 6 степени :( Картер мора доле, 9 сат сум веќе пред гаража со фрлена церада врз лозницата да не ме врне.
Одиме мушки, упатството вика „одвои ги блокот и картерот и со скалпер исечи ја старата дихт маса“
Зајеб 4! Нема шанси влакно да протнеш меѓу блок и картер. А со оглед на ограничениот простор, невозможно е лесно да пристапиш било каде. Среќа, прочитав некаде дека со гумен чекич успеале да го размрдаат картерот и да го одлепат потоа со скалпер. Ајмо мушки, гумен чекич у рука, 20 минути чукање (секој пат мислиш да не го пукнеш картерот), и мрдна! Јеј! Штрафцигер успеа да влезе да направам 1мм процеп, за да протнам скалпер и да го исечам стариот силикон.

Картерот е долу!




Лесна работа, само смени дихтунг и намести го назат.... Еее, не баш.. Дај да отворам овие антисплеш пластикиве... Предупреден бев од форумине дека не е баш за глеање сликата у картер.

Еве да видите како изгледаат 11 години редовно менување уље еднаш годишно и не повеќе од 15.000км. (додуша, пред мене газдата на 2 години го има менувано, според сервисна книшка).
И после, замислете  како изгледаат картерите на дизелчињата чисто ново ЦХЦХЦХЦХ, кај што им мењаат уље на 30.000 и имаат поминато 300.000+



...

Ајде, една голема боца карбуратор клинер четка у раце и на работа...




до тука стигнав со чистење овој пат, немав повеќе време а и стварно студеше од тоа ветерот. Знам дека не е совршено, ама е далеку подобро од воопшто неисчистено (една од причините зошто не дадов на мајстор ова да ми го праат).

Следи чистење на стариот силикон и од картер и од блок, макотрпна работа, поготово на блок, лежејќи на грб, со заштитни цвикери миц по миц, со недостапни места... отприлика 2-2.30 часа чистење.
По чистењето, време е да се стави нов силикон. Падна избор на Elring Dirko HT, веројатно еден од посаглам изборите што можев да ги најдам тука.
Пред да го наместам силиконот, прво две проби како ќе влезе картерот без да допрам некаде со силиконот и да ја нарушам дихт масата. Ок, тактика воспоставена.
Од прва го стрефив!
Ајт на здравје! Стегнав картерот по патерн, малце се помучив со штрафовите кај замаецот али ги уденав и нив.

Ајдее идеме назад, по обратна постапка све!
На крај, успеав да ја склопам, веќе дојде 17ч. Ручек, кафе, пауза, 18.30 долу да сменам филтер за уље, да го проверам филтерот за воздух, да стаам шусплехот, да симнам колата од клоцни, и да наточам уље. 5.1l Shell Helix како и до сега.
Прво креснуење - прекрасно! Све сум склопил, колата работи! Свртев крукче, све е на место! Мојој среќи нема краја!

Ова, меѓу другото е и припремна активност за новото турбо. Веројатно ќе се монтира за првомајските празници, а може и скара ќе падне :D

Ете така. Два бруфена топла када и некоја чаша бурбонче...

И на крај, голема благодарност до @Prcot што ми најде elring семеринг, elring силиконска дихт маса, Man филер и Shell уље!
« Последно менување: 17 Април 2022, 22:39:46 pm Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #875 на: 17 Април 2022, 22:37:40 pm »
Респект! Капа доле!!!

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #876 на: 18 Април 2022, 00:50:50 am »
Се издава локалот карши тебе... Името и логото гратис од мене: "1060 Alfa Romeo" :)

Секоја чест, се што опфаќа повеќе од 4 штрафа е "нека го работи некој друг" момент за мене, ти завидувам на храброста и умешноста. :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #877 на: 18 Април 2022, 01:13:06 am »
Браво Симо, упорен си шо би рекле на кобила опашка ќе искорнеш.

Ептен е сатисфакција кога сам ќе завршиш работа.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #878 на: 18 Април 2022, 02:33:55 am »
Жаре на апаратима!

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #879 на: 18 Април 2022, 17:04:07 pm »
Истиот проблем го имав и јас на фиатот 2.0 multijet, исто го решив проблемот со промена на дихтунг на пумпата за уље.  :)

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14290
  • Пудингот на шоферството
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #880 на: 18 Април 2022, 17:11:08 pm »
Сето ова да го правиш во двор,а не на канал/дигалка треба да си стварно Симо. ;D
Браво и за мерак и за се.Јас 5 месеци се кандисувам да го сменам бубањот на менувачот иако имам на располагање 2 канали,дигалки,алати... ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #881 на: 18 Април 2022, 17:20:09 pm »
Сето ова да го правиш во двор,а не на канал/дигалка треба да си стварно Симо. ;D
Браво и за мерак и за се.Јас 5 месеци се кандисувам да го сменам бубањот на менувачот иако имам на располагање 2 канали,дигалки,алати... ;D
Не гледаш дека се излежавал цело време ;), на канал ќе му отидеше кичмата.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #882 на: 18 Април 2022, 17:40:35 pm »
Сето ова да го правиш во двор,а не на канал/дигалка треба да си стварно Симо. ;D
Браво и за мерак и за се.Јас 5 месеци се кандисувам да го сменам бубањот на менувачот иако имам на располагање 2 канали,дигалки,алати... ;D

Потешко ми е канал да ископам отколку да легнам под кола :D :D :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #883 на: 18 Април 2022, 17:59:39 pm »
Секоја чест за сработеното!!!
Јас па се мислам дали сам да мењам уље дома.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Alfa Romeo 159 TBi Turismo Sport (nera turbo benzina)
« Одговори #884 на: 18 Април 2022, 18:16:29 pm »
Супер што се искочило на крај како што треба, секоја чест!

Картерот според мене така изгледа баш поради уљето што го користиш односно високозноста. Самиот факт што го менуваш редовно дури и прерано укажува дека нема смисла понекогаш менување уље на испод 15.000км а резултатот ете го се гледа :) 5-40 уље може е топ кога е загреано и го цепаш на стаза редовно али еве се гледа по сликите колку е гнасно и прљаво.