Попладнево сменето и другото горно рамо, иако немаше знаци дека не е во ред, сепак да не го чекам да откаже, а кај едното тргнало, сигурно и другото ќе ме „поздрави“ за кратко време.
Стегнато, склопено тестирано, мислам дека добра работа завршив. Ако нема некој тврдоглав штраф, работата е отприлика саат до саат ипол по страна без брзање.
Она што може да се примети е дека OEM TRW и афтермаркет TRW се две различни работи. Иако имам 2 години гаранција, очигледна е разликата во изработката. Се надевам дека ќе издржат барем пола од ОЕМ-ов што издржаа