Маме му ебаа од користње на Парксајд алатите, скоро сите мајстори шо идат кај нас во фирма, дали за клими, дали за струја или за мебел. Сите ги користат велат за парите е најарно нешто шо можи да го купат иако сега се поскапени.
Тоа што сите кај нас користат Парксајд, Макс Пулс па и Инко е само показател колку се неписмени мајсторите и зошто 80% од работите се фалш направени. За малку повеќе пари од Инко можеш да земеш Бош кој е професионален алат а секој професионален алат ќе ти ја заврши работата полесно и побрзо.
На секој шо работел повеќе од 5 минути со квалитетен алат му е јасна разликата.
Проблем со алатот кај нас е што цените на Девалт и Макита се пренапумпани а воопшто не можеш да најдеш Фестул,Хилти,Мафел па Бош треба да е најлогичен избор особено што секој 2/3 месеци имаат попуст од 15/20 %.
Кога сме кај батерискиот алат од Парксајд само мало предупредување батериите немаат никаква заштита и поради тоа постои можност од самозапалување дури и кога не ги користиш.
Sent from my Mi 9T Pro using Tapatalk