Не е работата дали 2 или 20 пати ќе се користи во годината, туку што ќе се сече. Ако ти е за средување ивичњаци од тревници каде што не фаќа косилката, тогаш она малоно Ингко ќе врши работа. Но ако е за поголеми површини или ако сакаш да кастриш подобели треви, нешто подебело (да не наведувам примери), тогаш ќе се мачиш со она. Најдебел конец што користи е 1.6мм, а таков постојано ќе се кине/троши и ќе менуваш конец повеќе од што ќе косиш. Нешто што се работи за 3 саати ќе го работиш 2 дена, посебно пошто нели - батеријски уред.
Само би ти рекол, ако земеш на кабел, за 3-4 бона ќе најдеш сигурно саглам, Ingco или Einhell.
Кабел 20м, за 800 денари и шибај...
Тапа избор има за 220 В мрежа. Треба моторот да е појак, барен над киловат моќност, а Инко/Ејнхел има само онакви играчки од неколку стотини вати (и работат само со тенки конци кои ќе се кинат).
Јас сакав Макита да земам, нo кај нас го имаат само со свиткана рачка (shaft) а тие немаат редуктор долу што значи многу помал вртежен момент (и тенок конец), плус други проблеми како неможност да ставиш нож за грмушки итн. Тие со свиткани рачки за ниски луѓе се, на другите ќе им летаат дрвца/камчиња/треви право во лице, пошто кратки се рачките.
Макита имаат десетици модели на батерии и само два модели на 220 В, еден со права и еден со крива рачка. Овде го има само тој со кривата рачка, во Грција го има и со права рачка ама не можев тогаш да одам во Грчка, плус го немаше во Солун ќе требаше компликации со нарачки по пошта/итн. Да можев ќе го земев Макитата со права рачка.
На крај ваков земав:
https://elektrometal.mk/proizvod/elektricen-trimer-raider-rd-ebc06-so-noz-i-zica-1-2kw-420mm/И за чудо испадна солиден. Иако е деклариран дека влече 1.2 киловати јас измерив ~1.5 киловати и тоа без товар (вртење во празно). Трпи и 3мм конец ама некако како да се загреваше повеќе и се вратив на специфицираните 2.4мм конци. Треба само почесто одмарање, и да најдам соодветна маст да додадам во редукторот.
Денес сите нудат батеријски модели (ова е за сите алати карактеристично). Заебавање со продолжен кабел е незгодно и споро, ама заебавање со полнење, па и мењање батерии за неколку години (и на секои неколку години потоа) не е нешто на што гледам како добра работа. Скоро сите алати ги заменив да се на 220в. Замарање со кабли ама незамарање со батерии.
Ако некој се реши за батеријски модели, нека го гради алатот да биде од ист бренд за да може да ги дели/ротира батериите.
Неколку совети за тримери:
- конецот да се става во вода 24ч пред косење, многу помалку ќе се кине/троши
- редовно доставање маст во редукторот