Автор Тема: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили  (Прочитано 615097 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Си купив 3.5 квадрати "алкантара" материјал за тапацирите на вратите и позади, и уште некое деталче.
Си купив и 2 квадрати црн теписон со гумирана подлога, за изработка на патосници по контурите на патосот.

И тоа и тоа чинеа по 500 денари. Обрабувањето на патосниците ќе најдам некој да го напраи за ич-пари :)

Остана уште една кантичка Неостик за тапацирите, чекам во железара да донесат тазе :)

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837

За убаво нека е може слика од "алкантара" ако не ти е мака и од кај ги зема :D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo

Лево лицето, десно опачината. Платното спречува да се шири и растегнува ткаенината, мислам дека би бил супер материјалов и за навлаки на седишта (барем централниот дел). Ако ми се свиѓа како ќе испаднат тапацирите, и навлаките ќе одат со ваков материјал :)

Купен од локална продавница за материјали на големо, во Гостивар. 140х100 парче е 250 денари + плус комшиски попуст ;D

EDIT:
На мое огромно изненадување, татко ми нашол 145 FL за растурање во Тетово, и одма ги собрал брисачите (држачите за метлици). Ние направивме гето верзија ама не лежеа добро на стакло. Сега ќе си биде фабрика. :)
« Последно менување: 15 Август 2015, 15:05:02 pm MartinAlfista »

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
А црниот теписон со гумирана подлога?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
www.mats4u.co.uk/media/wysiwyg/Happy-Rug-Backing.jpg

Изгледа идентично со овој, ќе го сликам вечер/утре, искрено ме мрзи сега :)

Не е таа дебелина и мекост како премиум патосница но далеку е подобар од тоа што го имам сега.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одлично! Од исто место го зеде?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Два дуќана подоле ;D Гостиварска чаршија понекад чуда крие :D

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
 И од 156 одговараат држачите ..

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Hm....
Interesna toa alkantarata.
Aj da vidam kako ke izleze kaj tebe.
Mislis deka ke go bide materijalot za sedista, t.e navlaki, mozda kombinacija stof alakntara?
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Вака како што го гледам, убеден сум дека ќе издржи, ако се сошие како што треба. Ако го тегнеш материјалот праволиниски хоризонтално или праволиниски вертикално е камен, не се растегнува воопшто. Ако го тегнеш дијагонално, се растегнува ама се враќа во првобитна состојба.

Да се сошие како што треба мислам да се шијат парчињата хоризонтално или вертикално, не како ќе му дојде на шивачот. Така би издржал материјалот.
Ако ми се свиѓа како ќе излезат тапацирите, во скоро време и навлаки ќе ви покажам од истиов материјал :)

Отсутен goki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 170
Дечки, сигурносни мутери за алу бандажи за фиеста каде да барам?
"Every time I press one of these black controls, labelled in black on a black background, a little black light lights up black to let me know I've done it."

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Дечки, сигурносни мутери за алу бандажи за фиеста каде да барам?
Види кај Борче.
Бул. Србија, пред раскрсницата за Драчево/Усје/Кисела Вода

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Лево лицето, десно опачината. Платното спречува да се шири и растегнува ткаенината, мислам дека би бил супер материјалов и за навлаки на седишта (барем централниот дел). Ако ми се свиѓа како ќе испаднат тапацирите, и навлаките ќе одат со ваков материјал :)

Купен од локална продавница за материјали на големо, во Гостивар. 140х100 парче е 250 денари + плус комшиски попуст ;D

EDIT:
На мое огромно изненадување, татко ми нашол 145 FL за растурање во Тетово, и одма ги собрал брисачите (држачите за метлици). Ние направивме гето верзија ама не лежеа добро на стакло. Сега ќе си биде фабрика. :)
Ова нема ни А од алкантара туку е некој си обичен штоф ама за парите можеби ќе ти заврши работа.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Алкантара е микрофибер, не е нешто кујзнае што. А ова личи на микрофибер не на штоф.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Во 3D некако да го сликам, еве не знам... Дени си кажа што е "алкантара" во кратки црти. Ја во малце проширени да кажам дека алкантара е бренд кој прв го развил ваквиот материјал и си го брендирал. Копии има колку сакаш, некои успешни, некои во малку друг правец тргнале.
Ова не го сметам за успешна копија зошто микрофиберот е поплиток од алкантара, но точно, за парите е поквалитетен од некои фабрички материјали.