Автор Тема: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили  (Прочитано 600977 пати)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Можеш да ги видиш моделите на Еуростил на нивна веб страна само ги немаат сите на лагер што им се наведени на сајтот.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6686
  • Бенве сие бенве
Kade po metropolata ima frizidercinja za na 12V?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер

Отсутен lans

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Kade po metropolata ima frizidercinja za na 12V?
Merkur,samo ladi.
VW Passat 2.0TDI 2015
Skoda Fabia 1.2TSI 110PS DSG7 2016
Honda SH150i  2020

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6686
  • Бенве сие бенве
Samo za ladenje mi treba, ako ima drugi predlozi do kaj 50eur stavete ovde pa cetvrtok sum sk i da si kupam

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7371


Не си купив јас ништо, на тате е. ;D :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Со здравје да си го вози Пасатот.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo



Чекам да видам како е за транспорт од Србија  8)

4х100, 17“ 7Ј ЕТ40
I’m so mean, I make medicine sick


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Чекам да видам како е за транспорт од Србија  8)

4х100, 17“ 7Ј ЕТ40

Јас моите ги донесов во Пежо 206 во гепек. „имате ли да пријавите нешто?“ - „Не“. - „Фала, пријатно“.


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Дајбоже да биде работата :)
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Ајде вака со ред, да не ги цитирам претходните постови да објаснам за старт-стоп и коментарот на Кано.

Кано не коментираше од инжинерски аспект дали е потребно или не старт-стоп системот туку коментарот му беше даден во врска со нешто друго. Имено, вчера додека чекавме колите да ни се разубават во пералната кај Дандо и Бушав, падна муабет дека сакам да ставам плин. Пред два месеци ги контактирав Плимонт каде ми рекоа дека за мојот мотор (според ознаките на моторот) немаат сеуште соодветен плински уред и да ги контактирам повторно за 2-3 месеци кога би можело на пазарот да се појави таков уред. Кано се понуди да ги контактира во мое име бидејќи лично се знае со сите нив и одговорот беше следниов: Плински уред за мојот мотор постои меѓутоа "не е компатибилен", ако може така да се изразам, со старт-стоп технологијата или во превод значи дека при користење на старт-стоп при секое повторно стартување на моторот палењето ќе биде на бензин, а не на плин и со тоа ќе се зголеми самата потрошувачка на бензин. Доколку го сакам тој уред тогаш треба да го исклучам старт-стоп системот и затоа Кано коментираше пошто знае дека за некој ден ќе ја носам на редовен сервис. Мене лично тоа старт-стоп ужасно ме нервира и при секое влегување во кола прво нешто што правам по стартување на моторот е исклучување на старт-стоп со притискање на копчето лево од мењачот. Соодветен уред кој ја подржува старт-стоп технологијата на лагер ќе имаат во Септември при што при користење на старт-стоп секое стартување на моторот би било на плин.

Во врска со тоа дали има потреба да се стави плински уред или не само би кажал дека за вкусовите не се расправа. Личен избор на секој од нас е кој вид на гориво ќе го користи за својот автомобил. Знам дека коментарите се добронамерни но кај мене изборот веќе е направен да ставам плински уред.

друже... фала на објаснувањето, и да речеме поддржаката према мене, ама како што примети ниеден од оние што на некој (свој) начин ме исмеаја, не се понуди да се извини или да си го повлече зборот-постот... адекватно на тоа,(бидејки ова не е ништо ново) сватив од поодамна дека не вреди ни да се објаснуваш више зашто така сум направил т.е. пишал... нивните “саркастично хумористични“ постови ги прочитав уште одма, ама како што виде, не им реплицирав...

на пример:

влатко.клп-со делот дека некои членови треба да мислат пред да напишат глупост, инспирариан од мојот пост
зеро сигнал- со кој памет да се изгаси стар-стоп и што ке ти е плин на ТЅI
маријан-со неговиот пост за топ совети (делот со плинот и гасењето на стрт-стоп глупост било) и чекањето јас да објаснам па пред порше по парите назат да се идело
куоре спортиво- иако не директно на мене, сепак во контекст за муабетот “плинче му е мајката“...

имено, главниот проблем е тоа што овие што прават вакви мајтапи се една тајфа, која се познава меѓу себе... ама види ПУ пу беља работа, и јас ги познавам нив лично... проблемот настанува кога они некого не познаваат лично, нај често мислат дека и никој друг не ги познава... е во оваа ситуација, тука е грешката.. јас те знам лично и тоа повеќе од 3 години... вториот момент е дека незнаат за муабетот кој што го водевме претходно, па гледаат убав момент да ти тргнат мајтап и да се иссмејат со тебе...

е поради НЕМАЊЕТО ДОБЛЕСТ да се извини било кој, или немора да се извини ама да напише барем нешто во стилот: ЧИМ Е ТАКА, ГО ПОВЛЕКУВАМ СВОЕТО МИСЛЕЊЕ (нешто за што одамна зборам и јас го практикувам) едноставно престанав да давам објаснувања зашто сум напишал така и така и зашто сум кажал ова вака она така.... едноставно, ги оставам “дечињата“ да се забавуваат во нивниот недозреан филм, правејки ме мене недозреан... топ комбинација, сите среќни и на крај задоволни... вин-вин...

од тие причини затворив барем 10-15 мои теми тука на форумов што ги имав отворено, тесно поврзани за автомобилизмот.. од тие причини и престанав да објаснувам на што како и зашто, туку едноставно, гледајки ги нив како прават, удрив и јас на мајтап...

и сега следи една лавина од “Обесување“ како не сум јас во право, со докази, факти и историски моменти... земи пуканки во раце, сокче некое од страна и читај... ;)
« Последно менување: 12 Август 2015, 05:07:22 am onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Си купив брисачи Bosch Twin S, јас задоволен.
 

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
друже... фала на објаснувањето, и да речеме поддржаката према мене, ама како што примети ниеден од оние што на некој (свој) начин ме исмеаја, не се понуди да се извини или да си го повлече зборот-постот... адекватно на тоа,(бидејки ова не е ништо ново) сватив од поодамна дека не вреди ни да се објаснуваш више зашто така сум направил т.е. пишал... нивните “саркастично хумористични“ постови ги прочитав уште одма, ама како што виде, не им реплицирав...

на пример:

влатко.клп-со делот дека некои членови треба да мислат пред да напишат глупост, инспирариан од мојот пост
зеро сигнал- со кој памет да се изгаси стар-стоп и што ке ти е плин на ТЅI
маријан-со неговиот пост за топ совети (делот со плинот и гасењето на стрт-стоп глупост било) и чекањето јас да објаснам па пред порше по парите назат да се идело
куоре спортиво- иако не директно на мене, сепак во контекст за муабетот “плинче му е мајката“...

имено, главниот проблем е тоа што овие што прават вакви мајтапи се една тајфа, која се познава меѓу себе... ама види ПУ пу беља работа, и јас ги познавам нив лично... проблемот настанува кога они некого не познаваат лично, нај често мислат дека и никој друг не ги познава... е во оваа ситуација, тука е грешката.. јас те знам лично и тоа повеќе од 3 години... вториот момент е дека незнаат за муабетот кој што го водевме претходно, па гледаат убав момент да ти тргнат мајтап и да се иссмејат со тебе...

е поради НЕМАЊЕТО ДОБЛЕСТ да се извини било кој, или немора да се извини ама да напише барем нешто во стилот: ЧИМ Е ТАКА, ГО ПОВЛЕКУВАМ СВОЕТО МИСЛЕЊЕ (нешто за што одамна зборам и јас го практикувам) едноставно престанав да давам објаснувања зашто сум напишал така и така и зашто сум кажал ова вака она така.... едноставно, ги оставам “дечињата“ да се забавуваат во нивниот недозреан филм, правејки ме мене недозреан... топ комбинација, сите среќни и на крај задоволни... вин-вин...

од тие причини затворив барем 10-15 мои теми тука на форумов што ги имав отворено, тесно поврзани за автомобилизмот.. од тие причини и престанав да објаснувам на што како и зашто, туку едноставно, гледајки ги нив како прават, удрив и јас на мајтап...

и сега следи една лавина од “Обесување“ како не сум јас во право, со докази, факти и историски моменти... земи пуканки во раце, сокче некое од страна и читај... ;)

Тајфа, па уште и се познаваме меѓу себе.. Со влатко.клп не се познавам (човекот не ни живее во Македонија), со Маријан се имам запознаено, ама човекот го имам видено еднаш (кога одевме во Штип на пастрмајлии), а со Куоре Спортиво се познаваме, ама не сме се виделе многу одамна.

Останувам на ставот - со кој памет гасење старт/стоп? Океј, може на некого да не му се свиѓа како технологија, може некој да има и објективни причини (иако во ситуацијава само делумно ги има) за да го исклучи, ама останувам на ставот дека е корисна и практична технологија на која треба малку навикнување, ама ultimately има повеќе позитивни од негативни страни.

Останувам и на ставот дека на TSI не треба плин, особено на 1.2 TSI со 85 коња (каков што мислам дека е Голфот). Инвестицијата е сигурно поскапа од обичен плински уред (нема да се дрзнам да пишам колку пари би била, бидејќи не знам), ама сигурно многу подолго треба да се исплати плинскиот уред, плус ќе се изгуби гаранцијата, итн, итн, итн.

Да се извинам? Еве, ќе се извинам. Никогаш не сакав да те нападнам, и се извинувам ако си помислил дека е така. Ама пак останувам на моите ставови и во однос на старт/стоп, и во однос на плин на ТСИ.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6686
  • Бенве сие бенве
Onak некогаш грешно ги сфаќаш работите, топ советите не се дадени од тебе, и не знам зошто баш ти се најде најповреден. Да свртиме наназад не само за голфов, и за други коли општо после реченицата со здравје да се вози ако е бензинец одма советот е да се стави плин. Има луѓе што не сакаат да возат на плин и не мора да се напнат на секој пост дека плинот е тоа што им фали на возилото, не секој сака да вози спуштена кола, неудобна е, не му треба на некој нормален шофер 18ка бандаж и да плаќа 10000ден за една гума и да ја пцуе секоја дупка на патот. Некогаш треба да се почитува различниот од нас, а не по секоја цена да се наметнува тоа што ние би го направиле доколку неговото возило е наше. Инаку зеро лаже, тајфа сме, само му е срам јавно да каже дека се дружи со провинцијалци.