Бенинскиот 1.4 е таман за оваа каросерија и тежината на возилото. Доволно жилав на отворено, до 110-120 тивок над тоа е малку бучен.
Под 2200 вртежи е тромав, над тоа е сосема во ред. Максималната моќност ја вади околу 4000 вртежи.
За низ град немам никаква замерка.
Во досегашната експлоатација од една година потрошувачка во град 7-7.5. Во град возам како ми налагаат условите, без да се замарам за економија и штедење.
На отворено околу 6-6.5. Искрено на отворено не ја штедам понекогаш вадам и над 6.5 имам доста тешка нога, но со резервирано и домаќинско возење на отворено може да се извади и под 6.
Немам намера да ставам плин, мене ми е во ред потрошувачката како што е.
После речиси 62.000 километри во кабина нема никакво крцкање или тропкање, подвозјето е сеуште стегнато и цврсто. Се согласувам со Дени, седиштата можеле да бидат подобри, не дека овие се лоши ама тие од СТ верзијата се перфектни.
Еднаш месечно минимум иде на перење кај Бушавиот и редовно ја носам на сервис за промена на масло, или на секои 10000 километри (и покрај препорачаните 12500 од Форд).
На кратко тоа е тоа. Пали вози и редовен сервис.