Епа како што е редот, да се преставам и јас.
Од пред 10 дена сум сопственик на Форд Фиеста МК7 1.4 бензин со Титаниум пакет на опрема.
Моторот е со 96hp, Multipoint Injection, мануелен 5 степен менувач.
Има 15 инчни алуминиумски тркала што доаѓаат во пакет со Титаниум опрема.
Од опрема има авотматска клима, електрика на прозори, радио со bluetooth и handsfree опција за телефон, usb приклучок за музика и др.
Ја купив со 42500 километри, сочувана без видни оштетувања на каросерија.
Во МиДа ја проверија, нема грешки при проверка на дијагностика, подвозјето и е коска, сменив филтри, масло и свекици.
Моментално има зимски гуми 195/50/15 Firestone, во пакет со неа ми дадоа и летни GoodYear и веројатно тие се фабричките со кои му била испорачана на првиот сопственик.
Во прилог се неколку слики. Се извинувам што колата е валкана, беше перена два дена пред сликањето и ме мрзеше пак да ја носам на перење само за да ја сликам.
Планирам да и ставам 16 инчни бандаши и да и купам нови летни гуми, да ја однесам на хемиско чистење на пролет и да ја стегнам естетски таму кај што има потреба. Над задните тркала има лабава постава во дупката над тркалата што служи за звучна изолација, што не е некој проблем ама мене ми смета.
Така да ако имате некој совет, или некакво искуство околу одржување и слично со ваква Фиеста, добродојдени сте да ги споделите со мене и останатите другарчиња на форумот.
Мило ми е што се запознавме.
БОНУС: Две фотки после бањање.