Автор Тема: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010  (Прочитано 77046 пати)

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #330 на: 24 Август 2015, 01:08:11 am »
Кој искусил знае. За по партизанска 3 круга во месецот, и позиција че изоде.

Кој вози ноќе, ке цени светла, повеќе од се друго.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #331 на: 02 Ноември 2015, 23:49:46 pm »
Монтиран зимски сет пневматици. Летните патичиња спакувани и складирани на темно.

Следната недела ќе се изврши промена на антифриз, глицерин и филтерот за воздух во кабина ќе биде сменет со филтер со активен јаглен. Обичниот што сега го имам пропушта миризби од надвор. Претходно имав со активен јаглен и немаше миризби внатре во кабина ама пациентите од МиДа кога правев редовен сервис ми го замениле со обичен и сега се осеќа мирис на огревно дрво и еко дизелите на Фолксваген.


Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #332 на: 04 Декември 2015, 17:29:57 pm »
Фотошопирано е ама не е далеку од реализација. Мда.


Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #333 на: 04 Декември 2015, 17:31:34 pm »
Колку милиметра?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #334 на: 04 Декември 2015, 17:32:10 pm »
Колку милиметра?

Па 25мм ми е во план да ја клекнам.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #335 на: 27 Декември 2015, 20:38:50 pm »
Денес се случи ова:



Пред речиси една година ја купив со поминати 42.500км.

Досега немам никакви забелешки.

Редовни сервиси, гориво од Супертрејд и пали вози.

Здравје на пролет ќе си добие спирали, спојлер на петта врата и уште неколку ситни модификации.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #336 на: 27 Декември 2015, 21:02:15 pm »
Имаш план од каде би ги зимал спиралите и спојлерот?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #337 на: 27 Декември 2015, 21:14:42 pm »
Имам добра понуда од Мида. Ми дадоа еееееептен добар попуст за сите работи што ме интересираа. Најверојатно ќе ги збрчам од таму.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #338 на: 27 Декември 2015, 22:33:30 pm »
Чудо како уште не си ги зел.

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #339 на: 31 Декември 2015, 20:34:17 pm »
 Zlatkoa Одлично изгледа фисетата! Пред некој ден правев тест на една фиеста 2012г. со 1,6мотор 120кс. Искрено ми треба некое по економично возило дневно до работа и назад ми е 200км и одам со бмв 528и,  со фиестата би намалил потрошувачка најмалце 35%, но од друга страна дали е возило со кое би патувал секој ден по најмалце 200км, 80% автопат кај што се вози 100-140, која би била твоја препорака?
    Не сакам да изгледа ова како крадење на тема за прашања, можеби повеке како препорака бидејки ја имаш колата веке некое време...

Поздрав

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #340 на: 01 Јануари 2016, 02:41:35 am »
Ако ја возиш до 120 максимум има тивко и удобно возење. Зенот е околу 100-110. Тука имаш 5.1 - 6.0 литар потрошувачка и баш е убаво за возење. Со 90 км/х имаш потрошувачка околу 4.9-5 ама мене ми е споро некако тоа темпо. За секојдневно возило за до работа е одлична. Овој мотор што јас го имам е 1.4 и е таман за колава. Жилав, влече кога треба. До 2000 вртежи е маааалце мрзлив ама мене не ми смета. Ако го крузаш на 2500 вртежи имаш идеална ситуација.

Искрено под 1.4 бензинец не би возел во оваа Фиеста на отворено. Сум пробал и 1.2 (1.25) и многу е потромав и побучен од 1.4.

1.6 е перфектен. Само незнам како е потрошувачката.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #341 на: 01 Јануари 2016, 02:48:40 am »
Потрошувачка се средува со алтернативни горива.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3809
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #342 на: 01 Јануари 2016, 02:50:55 am »
Da nerecam ama Lpg prijatele  ;D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #343 на: 01 Јануари 2016, 02:52:12 am »
Се согласувам со Дени. Плинче овој мотор си трпи. И возењето е ичпари. Јас сум бензинџија у душа и преферирам чиста игра без алтернативни горива. ;)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #344 на: 01 Јануари 2016, 08:24:30 am »
Како што разбрав, кирил е во Филаделфија. Систем за алтернативни горива во Америка е малку како рокет сајнс. Пропан-Бутан само на индустриски машини. Плус, евтин бензин.

Ако возиш околу Фили по околните интерстејтови која и да ја купиш, гледај да има 6та брзина (овердрајв). Теренот е релативно рамен. Сериозна дневна километража си е. Или па види некој дизел (ама кај дизел, ќе даваш околу 1 долар повеќе по галон). 
« Последно менување: 01 Јануари 2016, 08:29:44 am Luki Junior »
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.