Автор Тема: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010  (Прочитано 77193 пати)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« на: 29 Јануари 2015, 15:35:00 pm »
Епа како што е редот, да се преставам и јас.

Од пред 10 дена сум сопственик на Форд Фиеста МК7 1.4 бензин со Титаниум пакет на опрема.

Моторот е со 96hp, Multipoint Injection, мануелен 5 степен менувач.

Има 15 инчни алуминиумски тркала што доаѓаат во пакет со Титаниум опрема.

Од опрема има авотматска клима, електрика на прозори, радио со bluetooth и handsfree опција за телефон,  usb приклучок за музика и др.

Ја купив со 42500 километри, сочувана без видни оштетувања на каросерија.

Во МиДа ја проверија, нема грешки при проверка на дијагностика, подвозјето и е коска, сменив филтри, масло и свекици.

Моментално има зимски гуми 195/50/15 Firestone, во пакет со неа ми дадоа и летни GoodYear и веројатно тие се фабричките со кои му била испорачана на првиот сопственик.

Во прилог се неколку слики. Се извинувам што колата е валкана, беше перена два дена пред сликањето и ме мрзеше пак да ја носам на перење само за да ја сликам.


Планирам да и ставам 16 инчни бандаши и да и купам нови летни гуми, да ја однесам на хемиско чистење на пролет и да ја стегнам естетски таму кај што има потреба. Над задните тркала има лабава постава во дупката над тркалата што служи за звучна изолација, што не е некој проблем ама мене ми смета.

Така да ако имате некој совет, или некакво искуство околу одржување и слично со ваква Фиеста, добродојдени сте да ги споделите со мене и останатите другарчиња на форумот.


Мило ми е што се запознавме.















БОНУС: Две фотки после бањање.



« Последно менување: 16 Февруари 2015, 10:24:27 am zlatkoa »

Отсутен ScarfaceMkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #1 на: 29 Јануари 2015, 15:53:45 pm »
Убаво количе. Многу безгрижни километри :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #2 на: 29 Јануари 2015, 15:58:18 pm »
Срце од кола!

Со здравје и мерак да се вози :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2785
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #3 на: 29 Јануари 2015, 16:15:41 pm »
Честито нова кола, одличен избор и со здравје да си ја возите. Се надевам дека ја бендиса и некој чие име се римува со Ванила :D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #4 на: 29 Јануари 2015, 16:19:41 pm »
Честито нова кола, одличен избор и со здравје да си ја возите. Се надевам дека ја бендиса и некој чие име се римува со Ванила :D
Срце од кола!

Со здравје и мерак да се вози :)
Убаво количе. Многу безгрижни километри :)

Фала дечки, да ви се враќа и на вас за убаво.

@Dodo и се допадна на "Ванила" ептен. Одма заспива штом влезе у неа. :))))

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #5 на: 29 Јануари 2015, 16:21:56 pm »
Честито! Многу убаво количе, со таман моторче. Во понеделник да дојдеш на пиво во Чилин, да ти врачиме свечано една налепница. :)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #6 на: 29 Јануари 2015, 16:26:48 pm »
Честито! Многу убаво количе, со таман моторче. Во понеделник да дојдеш на пиво во Чилин, да ти врачиме свечано една налепница. :)

За пиво ќе дојдам ако ми кажете каде е Чилин и у колку саат сте таму за да не седам цел ден за да се најдеме ;)))

Инаку моторов за колава е измислен. Претходниот викенд бев за Солун, ја запердашив саглам по автопативе и можам да кажам дека доста нервозно бутка моторот. Успеав да ја згазам до 190 на рамното пред да се исклучиш за Гевгелија. Стабилна е, на кривинките после Катланово накај Велес и ја извадив душата. Иде како по шини и доста прецизно управување има. Мислам дека со летни гуми ќе може подобро да ја запнам, зимниве некако ми се тврди и странично не држат како што треба.
« Последно менување: 29 Јануари 2015, 16:34:58 pm zlatkoa »

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #7 на: 29 Јануари 2015, 16:44:46 pm »
Willkommen :)

Си ја начека :)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #8 на: 29 Јануари 2015, 16:48:10 pm »
Willkommen :)

Си ја начека :)

Данке. Натурлих, да не ја препорачаше ти ќе ми избегаше за малку.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #9 на: 29 Јануари 2015, 17:15:36 pm »
За пиво ќе дојдам ако ми кажете каде е Чилин и у колку саат сте таму за да не седам цел ден за да се најдеме ;)))

Секој понеделник од 17:00, Чилин е карши ДМ на улица Орце Николов.

Овој понеделник ќе имаш можност да ја запознаеш со поголемиот брат. :)

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #10 на: 29 Јануари 2015, 18:22:04 pm »
so zdravje da si ja vozis odlicno kolice so odlicen motor ,a za odzuvanjeto jas mozam samo da kazam deka ke da e za hemisko [sudejki po volanot ]a za odnadvor vo najmala raka i treba edno vosociranje i vo toa pole okulu toj tip na odrzuvanje mozes da pomines i ke ti dadam bilo kakov sovet i taka sme blisku [po slikite si vo reonski] pozzz

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #11 на: 29 Јануари 2015, 18:46:26 pm »
Одличен избор и планови за понатаму! Препорачувам да отидеш на еден комплетен третман кај Даме за да се осеќаш како да си купил нова, а не половна кола.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #12 на: 29 Јануари 2015, 18:58:27 pm »
Еве ѕирни Даме шо маџии праи: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19.msg711638.html#msg711638
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #13 на: 29 Јануари 2015, 19:08:18 pm »
Со здравје да си го возиш количето.
Вака изгледа сосема пристојно сочувано и одлична километража. Драго ми е дека не се сполета да купиш некоја скапаница од донесениве од којзнае каде.

Инаку најголем противник сум на следново:
да ја однесам на хемиско чистење на пролет
Сите коли кои сум ги видел до сега а им е правено хемиско на тапацирите од вратите, кровот, сте буквално до една им се после две години одлепени!
Така да не би ти препорачал хемисло чистење доколку е тоа толку неопходно, или пак во најмала рака, ке се демонтираат седиштата и ке се извадат тапацирите. Потоа фино лепо ке се операт и ке се вратан назад на седиштата. Во тој случај нема да останат неисушени, односно сунгерите од седиштата нема да се напијат со вода.
За тапацирите на вратите пробај со млака вода и сапуница во неа, благо трљање за да се одстрани евентуална нечистотија и тоа со помош на микрофибер крпа...
За кровот исто така, но него најдобро да не го чепкаш.
Овој зафат гледај да го направиш кога ке биде топло за да може влажните тапацири брзо да се сушат.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #14 на: 29 Јануари 2015, 19:19:07 pm »
Чудна работа, кај мене и после 4 години не се одлепија. Изгледа не ми е како што треба ентериеров.