Автор Тема: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010  (Прочитано 76251 пати)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #30 на: 30 Јануари 2015, 01:32:25 am »
Одлично количе, со здраје да се вози и многу безгрижни километри ! Ако не се лажам, ова е истото што се продаваше по огласи до скоро ~6.5к евра ? Можеби е некултурно од моја страна да прашувам за цена, ако не сакаш јавно да споделиш, нема проблем :)

Таа е колата. Цената не таа. Пониска е од 6.5к евра. Се ценкав ;)

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 525
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #31 на: 30 Јануари 2015, 02:11:01 am »
A си реков кога ја видов - еве одлична понуда ! Мило ми е што форумџија ја има сега во негова сопственост. Да и се изнавозиш ! :)

Отсутен Ichisima

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 169
  • Ербап
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #32 на: 30 Јануари 2015, 06:56:34 am »
Количето е кукла ::) Многу безгрижни километри.  ;)

Отсутен seat ibiza

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 184
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #33 на: 30 Јануари 2015, 07:19:06 am »
Убава кола создравје да си ја возиш. Поздрав

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #34 на: 30 Јануари 2015, 07:41:14 am »
Убаво возило. Со здравје да се вози! Ме имаат неколку пати возено во вакво со истиот мотор, доста задоволен во поглед на управувањето. Јас лично не би ставил 16 бандажи од повеќе причини сепак ова е 1.4 мотор а и вака количево си изгледа супер.

Отсутен goki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 170
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #35 на: 30 Јануари 2015, 09:01:46 am »
Супер количе, со здравје да се вози.
"Every time I press one of these black controls, labelled in black on a black background, a little black light lights up black to let me know I've done it."

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #36 на: 30 Јануари 2015, 09:44:42 am »
Одлично количе, со одлична опременост и мотор... Паметен избир ти е што си земал од тука количе и јас имам исто мислење со тебе... Многу нормално на кого колку му се можностите, ама 90% од лугето би одиграле на друг начин, за тие пари се купува "бмв, мерцедес" итн. со 500-600к км... Со здравје да си ја возиш и уз пат некој ден ако поминувм од таму ке ја видам, затоа што често поминувам на местото каде што е сликана накај работа кога идам... :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #37 на: 30 Јануари 2015, 11:12:12 am »
Убаво возило. Со здравје да се вози! Ме имаат неколку пати возено во вакво со истиот мотор, доста задоволен во поглед на управувањето. Јас лично не би ставил 16 бандажи од повеќе причини сепак ова е 1.4 мотор а и вака количево си изгледа супер.

Искрено се замилсив околу промената на бандашите од 15 на 16. Ама пусти мерак бре ме тера да и ставам поголеми... Управувањето е одлично, јас не очекував толку прецизно и директно управување. Имам возено, Corsa, Polo, Twingo и кога седнав во Fiesta за првпат бев изненаден во позитивна смисла. Малку после тоа ја донесов одлуката да ја купам.

Одлично количе, со одлична опременост и мотор... Паметен избир ти е што си земал од тука количе и јас имам исто мислење со тебе... Многу нормално на кого колку му се можностите, ама 90% од лугето би одиграле на друг начин, за тие пари се купува "бмв, мерцедес" итн. со 500-600к км... Со здравје да си ја возиш и уз пат некој ден ако поминувм од таму ке ја видам, затоа што често поминувам на местото каде што е сликана накај работа кога идам... :)

Најчестиот одговор кога им кажав на пријателите околу мене дека сум купил Фиеста од МК беше: "За тие пари Пасат, БМВ, Голф ќе си купел". Ама поентата не е да купиш најмногу лим за парите и лимот да се вика Пасат, БМВ, Голф... Мене ми требаше градско возило, што ќе може и сопругата да го вози, да ми се најде за излети до море и планина, и да можам да го сервисирам како што треба. Сервисот ми е многу битен зашто не сакам да ја крпам колата со половни, непроверени делови зашто очекувам да ја експлоатирам како што треба и не сакам да импровизирам. Повеќето од луѓето што ги знам што купија половни возила во рангот на Пасат, БМВ и сл... сега се жалат дека нешто им се зафркнало, па скапи делови, па мајстор добар немало, па нашол некој мајстор што можел да ја направи и не бил скап па и тој неможел да ја напраи и тн. Импровизирање. Не велам дека треба да отиде во овластен сервис, ама на возило со 500,000 км, многу е огромна веројатноста дека ќе треба да му смениш постепено се зашто некој пред тебе му ја е*ал мамата од возење, а тој што ти го продал го закрпил и нашминкал за да ти ги извади парите од џеб. Многу коли имам проверено пред да ја купам Фиестата и 10-15 авто дилери во Западна Германија. Кај нас се продава најголемото ѓубре. И тоа што навидум изгледа, коска сочувано, ново со 150.000 километри и тоа е сомнително. Не велам дека нема да чини возилото, туку само дека однапред купувачот е изманипулиран пред да го купи возилото.
Може и еден тест да направиш побарај добро сочуван Голф 5-6 кај нас на сајтовиве, и спореди го со цените во Германија. Иста километража, мотор, опрема. Цената ќе биде повисока од таа што ќе ја платиш тука. Прашањето што произлегува е: Како е можно Голф 5-6 донесен од Германија да е поефтин тука отколку да го купиш од Германија сам и да го донесеш? Нема логика нели? Ама затоа има игри и сплетки од страна на дилерите. Голфот кај нас ќе биде: Уникат, Единствен, со Нај Нај Фул опрема, Реална Километража.... Ќе ти го продадат со зборовите што сакаш да ги слушнеш.

Тоа е моето мислење, погрешно или не јас мислам така.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3893
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #38 на: 30 Јануари 2015, 11:24:23 am »
милион пати ја иам глеано колава низ град, и се ми личеше на некој од форум... сега барем стварно е на чоек од форум. :D

убаво количе, одличен избор, со здравје да си го возиш!

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #39 на: 30 Јануари 2015, 11:57:23 am »
Убаво возило. Со здравје да се вози! Ме имаат неколку пати возено во вакво со истиот мотор, доста задоволен во поглед на управувањето. Јас лично не би ставил 16 бандажи од повеќе причини сепак ова е 1.4 мотор а и вака количево си изгледа супер.

Искрено се замилсив околу промената на бандашите од 15 на 16. Ама пусти мерак бре ме тера да и ставам поголеми... Управувањето е одлично, јас не очекував толку прецизно и директно управување. Имам возено, Corsa, Polo, Twingo и кога седнав во Fiesta за првпат бев изненаден во позитивна смисла. Малку после тоа ја донесов одлуката да ја купам.

Одлично количе, со одлична опременост и мотор... Паметен избир ти е што си земал од тука количе и јас имам исто мислење со тебе... Многу нормално на кого колку му се можностите, ама 90% од лугето би одиграле на друг начин, за тие пари се купува "бмв, мерцедес" итн. со 500-600к км... Со здравје да си ја возиш и уз пат некој ден ако поминувм од таму ке ја видам, затоа што често поминувам на местото каде што е сликана накај работа кога идам... :)

Најчестиот одговор кога им кажав на пријателите околу мене дека сум купил Фиеста од МК беше: "За тие пари Пасат, БМВ, Голф ќе си купел". Ама поентата не е да купиш најмногу лим за парите и лимот да се вика Пасат, БМВ, Голф... Мене ми требаше градско возило, што ќе може и сопругата да го вози, да ми се најде за излети до море и планина, и да можам да го сервисирам како што треба. Сервисот ми е многу битен зашто не сакам да ја крпам колата со половни, непроверени делови зашто очекувам да ја експлоатирам како што треба и не сакам да импровизирам. Повеќето од луѓето што ги знам што купија половни возила во рангот на Пасат, БМВ и сл... сега се жалат дека нешто им се зафркнало, па скапи делови, па мајстор добар немало, па нашол некој мајстор што можел да ја направи и не бил скап па и тој неможел да ја напраи и тн. Импровизирање. Не велам дека треба да отиде во овластен сервис, ама на возило со 500,000 км, многу е огромна веројатноста дека ќе треба да му смениш постепено се зашто некој пред тебе му ја е*ал мамата од возење, а тој што ти го продал го закрпил и нашминкал за да ти ги извади парите од џеб. Многу коли имам проверено пред да ја купам Фиестата и 10-15 авто дилери во Западна Германија. Кај нас се продава најголемото ѓубре. И тоа што навидум изгледа, коска сочувано, ново со 150.000 километри и тоа е? сомнително. Не велам дека нема да чини возилото, туку само дека однапред купувачот е изманипулиран пред да го купи возилото.
Може и еден тест да направиш побарај добро сочуван Голф 5-6 кај нас на сајтовиве, и спореди го со цените во Германија. Иста километража, мотор, опрема. Цената ќе биде повисока од таа што ќе ја платиш тука. Прашањето што произлегува е: Како е можно Голф 5-6 донесен од Германија да е поефтин тука отколку да го купиш од Германија сам и да го донесеш? Нема логика нели? Ама затоа има игри и сплетки од страна на дилерите. Голфот кај нас ќе биде: Уникат, Единствен, со Нај Нај Фул опрема, Реална Километража.... Ќе ти го продадат со зборовите што сакаш да ги слушнеш.

Тоа е моето мислење, погрешно или не јас мислам така.

Јас мислам дека најрационално размислуваш и фала богу како што кажав, потполно те подржувам во размислувањето и јас би одиграл исто, затоа што потребите ми се  исти како твоите односно  90% градска вожња... :)

Едит: Добро возило, навремено одржувани, со реална километража и на пр. во Германија или Италија вреди повеке...
« Последно менување: 30 Јануари 2015, 12:08:05 pm Mario_306 »
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #40 на: 30 Јануари 2015, 12:41:29 pm »
Честито нова кола. Одлична, подобар избор нема :P
Истата си ја иаме :) Оваа е недела дена пред мојата купена :D Септември 2010 е земена од салон :)
Ти треба ксенон да се препородиш :D одма поубава колата доаѓа, сериозно! Греота е на фаровите со лупи да искача жуто светло :)
Инаку, ме интересира колку ја зема? ако несакаш јавно, може и во ПП, чисто орентационо ме интересира :)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #41 на: 30 Јануари 2015, 14:47:20 pm »
Одлична е со здравје да си ја возиш! :) Бојата е таа што треба да е и треба едно третманче кај Дарко или Даме.

Стабилна е, на кривинките после Катланово накај Велес и ја извадив душата.
Тоа е тоа, постабилно возило во класата не постои! А и општо сите фордови модели се со директно хируршки прецизно управување.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #42 на: 30 Јануари 2015, 14:51:22 pm »
Одлична е со здравје да си ја возиш! :)

Стабилна е, на кривинките после Катланово накај Велес и ја извадив душата.
Тоа е тоа, постабилно возило во класата не постои! А и општо сите фордови модели се со директно хируршки прецизно управување.

Со по бесни возила на истиот пат сум возел доста порезервирано. Искрено со нив не сум имал чувство дека возилото ќе издржи до крај да излезе од кривина. Цело време сум имал чувство дека сум влегол пребргу, дека претерувам. Фиестава се држи беспрекорно. Одземи гас пред да влезеш во кривина, и пукаш пуна на влез и додаваш само. Локомотива. Не мрда. Како по Шина.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #43 на: 30 Јануари 2015, 14:51:29 pm »
имаат одличен feedback на волан,само си бара спуштање обавезно

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #44 на: 03 Февруари 2015, 07:21:48 am »
Дали има некој искуство со додавање на звучна изолација во гепекот на иста ваква Фиеста? Сакам да ги заќутам звуците што ми доаѓаат од задниот дел на возилоти, а потекнуваат од издувот, гумите и сл...