Автор Тема: Renault 5 Campus  (Прочитано 46334 пати)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 431
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #210 на: Септември 04, 2019, 14:57:29 pm »
Од фабрика кога излегла не била ваква средена
Браво
Благодарам! Нескромно ќе кажам дека сега е поопремена отколку кога излегла од фабрика, од таа страна и посредена е, низ темата е наведено што и како е надградено, а, сепак, ќе бидам реален и ќе кажам дека после 6 години од фарбањето излегуваат некои мани на виделина, но сепак е ОК за мене.
Во иднина, кога ќе се работи пак лимарија, ќе се посвети поголемо внимание на деталите.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 431
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #211 на: Декември 01, 2019, 23:23:45 pm »
Спомнав дека имам набавено појаси за задните седишта.
Колата си има припрема (како и за многу други работи), но бидејќи е основен модел, ги нема...
За назад, има предвидено два појаса. Оригиналните е невозможно тука да се најдат, но и да се најдат некако, не се на собирање и висат цело време.
Донаторот беше Твинго од првата генерација.
Рено е, визуелно се појасите исти, големината на колата е тука некаде.
Се местат со мали преправки, си функционираат како што треба.
Оригиналните појаси беа црни, овие се сиви, и, да бидам искрен, некако поубави ми се сиви, одговараат на сивата внатрешност на колата:




Напред:


Комплет:


И веќе се намонтирани, убаво испрани, а после ова и оптегнати да се исушат убаво :)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 431
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #212 на: Јуни 17, 2020, 23:32:35 pm »
Се занимавав со полирање бандаши... Како за аматер и не е така лошо, јас сум задоволен. Далеку е од совршено, ама ќе поминат и вакви :)



Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 431
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #213 на: Август 29, 2020, 00:03:11 am »
Од она што не се гледа, заменети се гумиците на баланс штанга, чаурите на машите, и оние гумите на амортизерите каде се закачуват на шасијата, имаше тропкање малце, сега е се тивко на нерамнини...

Бидејќи бојата на маската беше напукана, мораше да се префарба, а боја доби и вратичката на резервоарот која беше мат црна. Сега е во оригинал :)


Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 431
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #214 на: Декември 28, 2020, 18:50:00 pm »


virtual d20
Назад во 80ти :)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 431
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #215 на: Ноември 16, 2021, 09:35:11 am »

Спремна за зимата... Заменети некои црева

ти
Убаво исчистено и светнато, надворешните пластики средени :)






Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 28282
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #216 на: Ноември 16, 2021, 09:36:19 am »
Брииииј, вакво не било ново кога излегло од фабрика. Браво!

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1266
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #217 на: Ноември 16, 2021, 09:40:00 am »
Бравоо ептен стегнато. пс. со што ги средуваше пластикиве и внатре даската позади?

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 431
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #218 на: Ноември 16, 2021, 10:02:00 am »
Благодарам @zeroSignal
@kire95 надворешните пластики се фарбани со оригиналната нијанса на боја за браници на Рено 612 gris noir, и, за мој вкус, не баш нај, очекував повеќе на сиво да е, но, ОК.
Внатрешноста, т.е шалт таблата, облогите на вратите, даската, воланот и се што е пластично е чистено со малку растворен Циф во многу вода, сунѓерче и четка за заби, и после со млеко на Сонакс неколку пати за да се врати бојата на пластиката како шо треба да биде.


json validator online

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 431
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #219 на: Март 15, 2022, 13:58:30 pm »
Освен градска, излегува и на отворен пат колата :)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 431
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #220 на: Април 04, 2022, 19:28:09 pm »
Се осмелив и на малце посериозни зафати, како на пр. седиштата.
Профилирани се, ама со тек на време станаа рамни...

Потпирачите се како што треба, проблемот е во седечкиот дел
Состојбата на сунѓерите кај двете седишта е одлична, исто како и ткаенината:

Проблемот е што ткаенината е отшиена од оние жиците меѓу сунѓерите кои го формираат профилот:

Решението е да се сошијат рабовите за жиците да се оформи профилот. Направено!
И, конечниот резултат е ова:

Потребни се неколку часа, игла, конец клешта и шрафцигер. :)




Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 340
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #221 на: Април 04, 2022, 19:39:16 pm »
Профи, како нови! Те пратам на ФБ групиве секоја чест за Ренцево стварно е за мерак!

Sent from my SM-A715F using Tapatalk


Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 431
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #222 на: Април 04, 2022, 19:40:42 pm »
@cdyane благодарам, се трудам да биде возилцево како шо треба

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 42478
  • Il Moderatore
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #223 на: Април 04, 2022, 20:17:32 pm »
Убаво испаднало. Ако го направиш истово и на нааслоните, веројатно уште подобро ќе биде.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1318
  • Велешанче
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #224 на: Април 04, 2022, 20:21:17 pm »
Одлично, секоја чест
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i