Автор Тема: Renault 5 Campus  (Прочитано 54123 пати)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #180 на: 29 Март 2018, 23:33:10 pm »
@MecheTo убаво ми направи да средам нешто што не сум ни мислел дека треба да го средам :) А работата и трошокот се небитни, ми се направи голем мерак

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #181 на: 30 Март 2018, 10:39:41 am »
@MecheTo ми отвори работа... ми прати два носача за моторот, па морав да го купам и третиот, и јавно благодарам :)
Денес се монтирани, колата стана ептен мирна, вибрации скоро и да нема...
Никогаш не ми беше текнало да ги менам, и најверојатно стоеја оригиналните од колата стари 28 год.
Беа ептен деформирани, гумата испукана...
Сега е друга песна.

Шо ми е мило така кога уште постои народ и имаат зачувано човенственост во себе. Да сме вака сите држава ќе имаме. Алал да ти е @MecheTo

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #182 на: 14 Мај 2018, 22:20:21 pm »
Пред неколку години репарирав еден карбуратор, го исчистив, набавив сет за репарација, го склопив и го складирав...
Тука некаде во темата има на претходните страници околу тоа.
Викендов конечно му дојде времето за монтажа.
Колата почна да троши екстремно многу, секој 4-5 дена требаше да се штелува воздухот, смрдеше на бензин и ептен немирна на лер...
Го ставив репарираниот, одма друга кола:
Лесно оди, ги нема бензинските мириси, мирна е на лер, а за потрошувачката ќе видиме :)
Во меѓувреме се штелуваа и вентилите, па засега е се ОК.
Извадениот карбуратор ќе го репарирам во слободно време, нека си стои ;)




Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #183 на: 15 Мај 2018, 00:19:46 am »
Ова ме подсети на Солекс карбураторите на Голф 1. Штелувај го два саати е ок и после пак е за никаде, секаде што читав на нет за тие карбуратори само лошо се збореше. Вебери тешко да се најде, сега со електронското вбризгување сме рает. Знам дека кај тебе е друг проблемот само ме подсети колку се зезавме да го штелуваме.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #184 на: 16 Мај 2018, 12:48:31 pm »
Голф 1 во слабите верзии какви што најчесто имаше тука беа познати по ужасните карбуратори.
Најчеста конверзија беше со карбуратор од 101 :)
Додуша, тој ИПМ карбуратор беше универзална замена насекаде, па и во ова возило ;)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #185 на: 21 Мај 2018, 20:59:17 pm »
Има во темата некаде пред 2-3 години како растурав цела внатрешност да го средам парното.
Функционираше клапната за топло/ладно ОК некое време, па не затвараше убаво, се до пред некое време кога остана на топло. А иде лето... :)
Најдов парно од отпад. Не го сликав пред да го средам, ама беше целото кал, а пред очите го вадеа од возилото. Како да возела колата по ниви цел работен век.
Но, битно е најдено, средено, подмачкано, проверено се си функционира како што треба:





Останува психички да се подготвам за растурање цела внатрешност :)
И, едно прашање за стручни лица:
Радијаторчето го извадив, му пуштив млаз вода, нема проблем не е затнато, ваљда го исчистив, чиста вода излегува од него.
Стои веќе добри 5-6 часа полно со вода, суво е барут, претпоставувам дека не тече од никаде.
Умот ми го мати тоа што на долниот дел на радијаторот, но и на куќиштето под него имаше нафатено нешто како бели кристали, бигор мислам дека не беше, излезе веднаш со влажна крпа. Што може да биде тоа? Дали да го монтирам, или да го ставам она што е во моментов на колата за кое сум 100% сигурен дека не тече?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #186 на: 22 Мај 2018, 17:11:19 pm »
Јас би го ставил тоа што не тече. Сепак многу работа има за пак да го менуваш. А ако сакаш да го провериш другото дали е како што треба би те советувал да го наполниш со антифриз а не со вода и да го оставиш ден два така пуно.  Поентата ми е ако тоа хладњаче стоело подолго време без вода, бигорот ги затнал дупките и сега од водата што ја ставаш нема да има мука некое време па може да протече. Антифризот го нагризува бигорот и ако има дупче затнато со бигор би требало да протече одма.

Знам многу случаеви каде што луѓе возеле извесно време со вода во разладниот систем и немале никаков проблем и чим стават антифриз почнува да им пушта од хладњак или од друго место.

Ова онака чисто како совет!

Sent from my MI 4S using Tapatalk


Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #187 на: 22 Мај 2018, 17:25:27 pm »
Благодарам за советот, сепак ќе го ставам она што е сега во колата, за кое сум сигурен дека е во ред.
Ова нека си стои во резерва :)
Голема заебанција е демонтажата на целата табла напред за да се смени ладничето, кое, само по себе е 5 мин. работа.
Немам толку многу мерак и нерви да си играм :)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #188 на: 22 Мај 2018, 18:29:09 pm »
Благодарам за советот, сепак ќе го ставам она што е сега во колата, за кое сум сигурен дека е во ред.
Ова нека си стои во резерва :)
Голема заебанција е демонтажата на целата табла напред за да се смени ладничето, кое, само по себе е 5 мин. работа.
Немам толку многу мерак и нерви да си играм :)

Најдобро е да го бутнеш во корито полно со со вода и да го напумпаш со воздух до кај 2 бари. Одма ќе ти каже дали пушта. Претходно зачисти го тоа што се нафатило.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #189 на: 23 Мај 2018, 17:12:13 pm »
@ZilePunto @kargh77 hladnjak se puni so voda za da vidis dali tece.. Antifrizot e pogust i moze da ne ti pokaze.. ako vekje sakas da proveruvas nadvor (sto e i logicno).

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #190 на: 25 Мај 2018, 15:24:02 pm »
Вчера цел ден ми помина во работа... Растурена внатрешноста, "новото" парно намонтирано, но со старото ладниче.
Засега се е супер... топло, ладно... дува во сите насоки, вентилаторот е потивок.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #191 на: 25 Јуни 2018, 22:51:04 pm »
За викендов двете возила добија козметички третман... Сонакс полир паста и восок:








Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #192 на: 10 Јули 2018, 23:18:49 pm »
Кога одржувате кола стара 30 години, редовна процедура е прошетка по отпади. :)
Најпрвин, го барате она кое ви фали...
Потоа, наредна фаза е да го барате она кое е поздраво од она кое го имате на колата...
Потоа, се е ОК со колата па собирате делови кои се покажале како слаби и цркнуваат, како на пр. кај ова возило подигачи на стакла :)
и, во последната фаза кога ќе начекате нешто интересно, а не ви треба реално, пак го земате како апгрејд :)
Токму тоа денеска јас го правев... начекав тонирани стакла, своевремено резервирано за поопремени модели, а на крајот на производството оделе на сите.

Најпрвин убаво миење:


Да се види разликата (ако се гледа воопшто):


И, после 5 саати заебанции со стакла, ме стемни, ама се освен шофершајбната за која си треба стручно лице е завршено:


Колата од која се извадени имаше и ветробран, па ми се виде интересен додаток, си ги земав и ги намонтирав.

 

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #193 на: 10 Јули 2018, 23:33:55 pm »
Bravo. Nego neli ti bode oci ovaa crnava lajsna nad vratata sto e izlustena. Greota.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #194 на: 10 Јули 2018, 23:40:12 pm »
Ми боде очи :)
Треба да биде сива лајсната, ама некој некогаш ја фарбал црна, па почна да се лушти... Е сега, во план ми е да ги фарбам сите пластики (браници, ретровизори, лајсни, оние под и над штопови) во мат сиво што поблиску до оригиналот.