Автор Тема: Renault 5 Campus  (Прочитано 50825 пати)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #195 на: 27 Септември 2018, 22:38:11 pm »
Ништо посебно не се случува, колата си вози без непријатни изненадувања (фала Богу!)... три пати излезе од градот ОК си заврши работата...
Набавив радио, Блаупункт од времето на колата, овој модел се нудел како доплата од 1989 до 1991 година, брендиран како Renault Audio 3020.


Го отворив, го сменив осветлувањето од црвено во зелено да одговара на остатокот од инструментите, главата на касетофонот е исчистена, работи како што треба и со контакт спреј прснав на подвижните делови. Тестирано, работи супер.
Ќе се монтира на колата за викендов наместо еден многу помодерен Панасоник со ЦД плеер, на кој анти шокот откажа послушност.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #196 на: 07 Ноември 2018, 22:48:46 pm »
Една од болките на овој модел е воланот кој пука со тек на времето и скоро да не постои здрав волан :) Во највисоката точка пука најчесто и поретко во најниската. На ова возило и на двете места е пукната и прилично разделен.
И, буквално во едни остатоци од Р5 Кампус го пронајдов ова:

Ваков каков што е, морав да го дадам во рацете на професионалец, и стана ваков:

И, монтиран:

Со радиото и воланот без навлаки и сл. атмосферата во колата е таман од крајот на 80-тите, т.е. од ерата на колата. :)

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1343
  • Велешанче
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #197 на: 07 Ноември 2018, 23:10:12 pm »
Браво, како си ја одржуваш колава, алал да ти е
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #198 на: 23 Јануари 2019, 20:03:21 pm »
Освен пали-вози (Фала Богу!!!) Ништо интересно не се случува.
Во изминатиот период е ставен оригинален аналоген часовник наместо овој дигиталниот, сменети се штифните на возачката врата која беше малце падната, сега е како шо треба...
И, променети се носачите на шалт таблата долу, кои беа скршени, па преправено да стои некако, и имаше вибрации, и не стоеше како шо треба.
Редовен сервис, масло, филтри, клинест каиш и глицерин...
« Последно менување: 23 Јануари 2019, 20:13:20 pm kargh77 »

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 807
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #199 на: 23 Јануари 2019, 22:39:09 pm »
Една од болките на овој модел е воланот кој пука со тек на времето и скоро да не постои здрав волан :) Во највисоката точка пука најчесто и поретко во најниската. На ова возило и на двете места е пукната и прилично разделен.
И, буквално во едни остатоци од Р5 Кампус го пронајдов ова:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Ваков каков што е, морав да го дадам во рацете на професионалец, и стана ваков:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
И, монтиран:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Со радиото и воланот без навлаки и сл. атмосферата во колата е таман од крајот на 80-тите, т.е. од ерата на колата. :)
Истата ракета и дигитален саат ги имаше и на татко ми Рено 18ката, сега се потсетив кога ги видов. 😀

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #200 на: 24 Јануари 2019, 07:28:00 am »
Така е, ракетата е иста со 18, разликата е во забот кој исклучува жмигавци, ја имам дома како резерва, а саатчето е од 18. Сега и оно стои како  резерва.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #201 на: 16 Март 2019, 19:22:10 pm »
Претходно спомнав дека набавив тонирани стакла и сите, освен шофершајбната веднаш беа монтирани.
Дојде ред и на шофешајбната, и истата е монтирана.
Старата беше монтирана онака... фалеа оригинални дихтунзи, целиот сет е од четири дела, и, истиот за жал, не успеав да го набавам.
Од она што спасив од отпад, ги собрав, ама не сум 100% задоволен, така да кога ќе набавам се ново, ќе се монтира повторно. Сега се околу тој дел е оригинал, ама не ми е по ќеиф. Самата шофершајбна е половна, оригинал Рено, и како и секој половен дел, има понекоја гребнатинка од употреба, но во рамките на прифатливото.



Немаше гнило, имаше површинска корозија која е санирана, премачкано со wurth rust converter, малце боичка и намонтирано стаклото:



Се на се, јас сум задоволен.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #202 на: 21 Март 2019, 21:42:14 pm »
Тропкаше нешто напред, излезе дека е спона...
Кога веќе се чепка по трапот, проверено е се, променети се спони, наставци на спони,сето тоа на двете страни, летвата имаше малце луфта и истата е репарирана, и оние гумените чаури на цел трап.
После следуваше центрирање и што се однесува до тој дел, мирен сум. :)


Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #203 на: 24 Март 2019, 16:27:45 pm »
Кај старите возила секогаш се случува нешто интересно...
Вчера кога ја перев колата сосем случајно приметив дека под педалите е мокро... И, си викам лоша работа шофершајбната е лошо наместена упм итн... :)
Додуша, влага си имаше, ама секогаш тоа го препишував на мокри обувки. Кога дојде кај нас колата, шофершајбната беше полуодлепена и тогаш се залепи, и викам ок е...
Ама вчера ми дојде доста од се, и затоа денес ја растурив внатрешноста комплет да видам што и како е. Ги исчистив каналите за одвод под хауба, иако беа проточни.
Кога ја растурив, сопругата со цревото истураше вода напред по шофершајбната а јас лежев внатре да видам што се случува, и го најдов виновникот после 10 мин.

Оваа дупка ја знам од првиот ден кога дојде колата кај нас, имаше гумен прстен, и низ него минуваше сајлата од тракторскиот инструмент за температура на водата кој не функционираше, и го фрлив уште одма, а дупката ја сметав за фабричка, заради прстенот, и кога денес го тргнав ми стана јасно дека не припаѓа тука таа дупка. Проверив на интернет слики, ова она, и нема таму дупка... Ова е под хаубата веднаш под шофершајбната, кај каналите за одвод.
Затоа, изрежав парче лим малце поголемо од дупката, ја исчистив со бензин од остатоци од силикон, премачкав миниум, се исуши и парчето лим го залепив со лепило за шофершајбна (имав останато), и убаво го прекрив со него.
Позади има изолација, а и не сум баш мераклија да се заварува. На крај, излезе вака:

Подот е одличен, кајшто имало влага имаше неколку точки површинска корозија, која веднаш ја средив, истругано, раст конвертер и миниум.



За кола од 30 години солидно :)
Сега, би требало да е ОК.
Теписонот е испран кога е веќе надвор, наредниот викенд пак една проба и ако е се ОК монтажа.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3603
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #204 на: 05 Јули 2019, 00:34:55 am »
Namesto lepak za sofersajbna mozes da koristis i diht masa. Ali najbitno od se e na krajot da nema voda :) Bidejkji nemas sto da prais po kolava, zemi sega restavriraj go alatot, cink na vretenoto, zafarbaj dizalicata i mirna bosna :)

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #205 на: 15 Јули 2019, 23:54:00 pm »
@darko mk5 има работа уше многу додека да стасам до алатот, но пополека се движат некако работите, не мирувам :)

Oвие денови конечно решив да ги освежам пластиките, поточно да ги исфарбам со бампер спреј, сив како што биле некогаш во оригинал. Очигледно, средствата за пластики неможат да вршат работа на долг рок, па мораше вака:
Браниците беа вакви:

Па после станаа вакви:


Средени се и пластиките над и под штоповите, платиката на дното на петтата врата, лајсните на кровот и ретровизорите. Кваките се црни и се ОК, нема потреба да се чепкаат засега.
Потоа, внатрешноста е генерално исчистена, пластиката си доби убаво чистење и нега со млеко, а остатокот е лим и доби полирање. Претходно се што можеше лесно да се извади се извади, се исполира лимот, и се се врати на место. Јас сум задоволен со резултатот:




Наредно ќе биде монтажа на појаси на задните седишта. Колата има оставено припрема за два појаса назад (се гледа на сликата од задниот носач местото). Најдов едни од отпад, треба да ги средам прво убаво, па ќе ги монтирам. Сепак, ова е старо возило, кое го употребувам секој ден. Свесен сум дека инженерингот од 80тите е далеку од современиот, вклучително и безбедноста, а возам и деца често во таа кола, па чим оставиле можност, редно е да ја искористам и да ја подигнам безбедноста за скалило погоре. :)



Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #206 на: 16 Јули 2019, 00:37:24 am »
Наредно ќе биде монтажа на појаси на задните седишта. Колата има оставено припрема за два појаса назад (се гледа на сликата од задниот носач местото). Најдов едни од отпад, треба да ги средам прво убаво, па ќе ги монтирам. Сепак, ова е старо возило, кое го употребувам секој ден. Свесен сум дека инженерингот од 80тите е далеку од современиот, вклучително и безбедноста, а возам и деца често во таа кола, па чим оставиле можност, редно е да ја искористам и да ја подигнам безбедноста за скалило погоре. :)

(Фала богу!!!) ;D

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #207 на: 03 Септември 2019, 23:46:20 pm »
Денеска Сервис Буба Мара (Звонко) се погрижи малце да светне колата:




Jас задоволен, колата си доби нега и заштита професионално со сите нишани. Почната беше да матира на кровот посебно, хаубата нешто помалце, па беше редно да се среди и да се освежи бојата. Досега, по дома ја мачкав со восок. Но, сепак тоа е работа за професионалец.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #208 на: 04 Септември 2019, 00:54:34 am »
Голема препорака и од мене за Звонко Буба Мара.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2820
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #209 на: 04 Септември 2019, 02:05:16 am »
Од фабрика кога излегла не била ваква средена
Браво