Кај старите возила секогаш се случува нешто интересно...
Вчера кога ја перев колата сосем случајно приметив дека под педалите е мокро... И, си викам лоша работа шофершајбната е лошо наместена упм итн...

Додуша, влага си имаше, ама секогаш тоа го препишував на мокри обувки. Кога дојде кај нас колата, шофершајбната беше полуодлепена и тогаш се залепи, и викам ок е...
Ама вчера ми дојде доста од се, и затоа денес ја растурив внатрешноста комплет да видам што и како е. Ги исчистив каналите за одвод под хауба, иако беа проточни.
Кога ја растурив, сопругата со цревото истураше вода напред по шофершајбната а јас лежев внатре да видам што се случува, и го најдов виновникот после 10 мин.

Оваа дупка ја знам од првиот ден кога дојде колата кај нас, имаше гумен прстен, и низ него минуваше сајлата од тракторскиот инструмент за температура на водата кој не функционираше, и го фрлив уште одма, а дупката ја сметав за фабричка, заради прстенот, и кога денес го тргнав ми стана јасно дека не припаѓа тука таа дупка. Проверив на интернет слики, ова она, и нема таму дупка... Ова е под хаубата веднаш под шофершајбната, кај каналите за одвод.
Затоа, изрежав парче лим малце поголемо од дупката, ја исчистив со бензин од остатоци од силикон, премачкав миниум, се исуши и парчето лим го залепив со лепило за шофершајбна (имав останато), и убаво го прекрив со него.
Позади има изолација, а и не сум баш мераклија да се заварува. На крај, излезе вака:

Подот е одличен, кајшто имало влага имаше неколку точки површинска корозија, која веднаш ја средив, истругано, раст конвертер и миниум.



За кола од 30 години солидно

Сега, би требало да е ОК.
Теписонот е испран кога е веќе надвор, наредниот викенд пак една проба и ако е се ОК монтажа.