Спомнав дека имам набавено појаси за задните седишта.
Колата си има припрема (како и за многу други работи), но бидејќи е основен модел, ги нема...
За назад, има предвидено два појаса. Оригиналните е невозможно тука да се најдат, но и да се најдат некако, не се на собирање и висат цело време.
Донаторот беше Твинго од првата генерација.
Рено е, визуелно се појасите исти, големината на колата е тука некаде.
Се местат со мали преправки, си функционираат како што треба.
Оригиналните појаси беа црни, овие се сиви, и, да бидам искрен, некако поубави ми се сиви, одговараат на сивата внатрешност на колата:
Напред:
Комплет:
И веќе се намонтирани, убаво испрани, а после ова и оптегнати да се исушат убаво