Автор Тема: Совет за бела техника  (Прочитано 415988 пати)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10567
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #15 на: 18 Декември 2014, 08:47:47 am »
Фрижидер Samsung/LG
Бојлер Gorenje-Tiki
Шпорет Blomberg/Electrolux
Mашина за алишта Samsung
Mашина за садови Beko
Maшина за сушење (било која само да не е со црево, туку да има сад за вода)
Клима LG/Samsung


Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #16 на: 18 Декември 2014, 09:37:33 am »
Фрижидер - Волво
Бољер - Хонда
Шпорет - Сеат
Машина за перење - ВЊ нормално..
Клима - Мерџо..

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8074
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #17 на: 18 Декември 2014, 10:31:45 am »
Ајде и јас некои мои искуства...

Правило број 1: Енергетска класа!!!

Најкварлива машина за перење Горење. 2 сме имале во фамилија пред 2006г модели.
Bosch машина за перење имам од 2006г и пу пу машала ниедна замерка ниту дефект!
Тазе е купена машина за перење Electrolux кај мајка ми, рано е да се зборува, нема 3 месеца.
Писледно инфо Самсунг имале бубањи врзани со моторот и не се расипувале и даваат 10 години гаранција. Но, кога на некој му рикнал мотор на перална???

Електричен шпорет деллив со стаклена плотна имам од 2006 Electrolux. Само пофални зборови за него!!! Посебно за релната!
Го купив по препорака на тетка ми од Австрија пошто ми кажа бил Автриски бренд ама колку што знам и во Италија има фабрика, ги товаравме од таму. Кај нас се Полски моментално.
-Другар мој има Беко деллив, плочата ја носеше 3 пати на сервис од кои едниот пат јас му ја носев на сервис.

Фрижидер имам Samsung од 2006г - Ѕвер!
Брат ми купи Quadro, кој го знае зошто. Имаше проблеми на старт, сега си тера...
Тазе купивме нискобуџетно Беко, слаба изработка...

Аспиратор имам Фабер / Нарди - ок е, за цената треба да е многу подобар.

Бољерче имам Кончар, пукна еднаш ама во Кавадарци ми кажаа дека има 12 бари притисок водата.
Го заменија под гаранција и си тера беспрекорно, го пазам на притисокот,  вентилот ми е на пола некаде.
Сепак мислам дека наредно проточен би купил поскап.

Бољер имав 50л Аристон, експресно загреваше и се беше ок со него, перфектен.
Остана во станот... Сега кај што сум пак има Аристон 80л и се е ок со него.
Сале ме премислува за Горењето, можеби за во новата куќа, ќе видиме.

Клима имам Беко инвертер од 2009г мислам.
Ѕвер, не знае да застане ни на -30*. Само краток дефрост прави.
-После мене купија другар и шурата малку поинаков модел и не се задоволни...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43495
  • Il Moderatore
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #18 на: 18 Декември 2014, 10:56:25 am »
Чисто информативно, и со пола отворен вентил исто притисок имаш во бојлерот (кога ти е зтворена чешмата). Вентилот регулира проток, не притисок.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20613
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #19 на: 18 Декември 2014, 10:59:12 am »
Ајде и јас некои мои искуства...

Правило број 1: Енергетска класа!!!

Комплетно се согласувам. Од сите ствари што ги пазарив пред некое време, просекот ми е класа „А+“.

Најкварлива машина за перење Горење. 2 сме имале во фамилија пред 2006г модели.
Bosch машина за перење имам од 2006г и пу пу машала ниедна замерка ниту дефект!

Изглеа како ќе се погоди. Ја имам Горење од пред 10ина години, си тера без мука, само ја чистевме од бигор пред некое време оти не’ поплави :)

Електричен шпорет деллив со стаклена плотна имам од 2006 Electrolux. Само пофални зборови за него!!! Посебно за релната!
Го купив по препорака на тетка ми од Австрија пошто ми кажа бил Автриски бренд ама колку што знам и во Италија има фабрика, ги товаравме од таму. Кај нас се Полски моментално.

Electrolux кај нас нема врска со вистинскиот Electrolux. Овие кај нас се прити мач кинески (како и стварите што носат лого на Индесит, Зануси итн), а колку што знам оригиналниот Electrolux е од Шведска, и е поприлично скап.

The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #20 на: 18 Декември 2014, 11:32:46 am »
Чисто информативно, и со пола отворен вентил исто притисок имаш во бојлерот (кога ти е зтворена чешмата). Вентилот регулира проток, не притисок.

точно. ако сакаш да регулираш притисок, постојат специјални вентили за таа намена. се приклучува на доводната цевка, има маномер на него и си го штелуваш притисокот со вентилче на него.. практично за сите куќи по планињето нагоре, кај што има решено водовод со природен пат од резервоари...

топло им го препорачувам на сите кои се во делот например во бутел... таму видов притисоци на водовод кои не се нормални за да ги користиш...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #21 на: 18 Декември 2014, 11:33:51 am »
Фрижидер - Волво
Бољер - Хонда
Шпорет - Сеат
Машина за перење - ВЊ нормално..
Клима - Мерџо..

извини молим те ама волво е резервирано за друга покуќнина... конкретно за шифоњер... :) барај си друг бренд... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10567
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #22 на: 18 Декември 2014, 11:46:41 am »
Чисто информативно, и со пола отворен вентил исто притисок имаш во бојлерот (кога ти е зтворена чешмата). Вентилот регулира проток, не притисок.

точно. ако сакаш да регулираш притисок, постојат специјални вентили за таа намена. се приклучува на доводната цевка, има маномер на него и си го штелуваш притисокот со вентилче на него.. практично за сите куќи по планињето нагоре, кај што има решено водовод со природен пат од резервоари...

топло им го препорачувам на сите кои се во делот например во бутел... таму видов притисоци на водовод кои не се нормални за да ги користиш...

http://www.etazgrejanje.com/cms_upload/catalog/product_files/572_reducir_pritiska.pdf

Отсутен smole

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2986
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #23 на: 18 Декември 2014, 20:42:37 pm »
Фрижидер - Горење
Шпорет - Горење
Машина за перење - НЕ Самсунг, му одлепува компјутерот од време на време
Машина за сушење не користиме
Машина за садови - Candy
Бојлер (проточен) - Stiebel
Клима - Fujitsu

Отсутен Macedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 63
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #24 на: 19 Декември 2014, 17:30:26 pm »
Дечки како прво фала ма сите за советите, па еве некои линкови за тоа за што сум скоро одлучен
РЕЛНА
http://tehnomarket.com.mk/products/09132318/electrolux-eob-03410ox
КОМБИНИРАНА ПЛОТНА
http://tehnomarket.com.mk/products/09124703/electrolux-ege-6172nok
 Го избрав електролукс бидејки скоро 80% од корисниците ми кажаа само пофални зборови. и сега имаат 5 год гаранција во техномаркет

За машини за алишта се мислам помеѓу овие три
http://www.gorenje.com.mk/washing_machines?c=454595
за кеш цената е 18500
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=45&product_id=211669
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=45&product_id=206478

за фржидери помеѓу овие два
http://www.gorenje.com.mk/combined_refrigerators?c=419601
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=121&product_id=205390

бољер не палнирам пошто претходниот газда купил пред две години некој си горење мислам дека беше. и ми кажа дека си работи без проблем ( испробано) за клима гледав некоја си самсунг ама не ми текнува кој модел беше, а имаше и една лг, машина за садови некако сум против нив бидејки двајца другари имаат и ги платија на 30000 а се жалат, де флеки, де не мијат. за машина за сушење алишта не ни размислував, ама девојка ми гледала некоја си елктролукс, или вирпул, па не сум ги ни видел уште, ама цената им била околу 18000-20000.

па ако има некој совет околу овие модели или искуство кажете. А и планирам да пазарам се пред н. година.


« Последно менување: 19 Декември 2014, 17:36:26 pm Macedon »

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11718
  • Архитект
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #25 на: 19 Декември 2014, 19:25:18 pm »
Јас би ги избегнал Горење од погоре споменатите.
LG - машината за перење е ѕвер. Башка мислам дека има 8 - 10 год гаранција.

За плотна само ќе те прашам зошто не си земиш индукциска ?

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7692
  • Хорска Секција
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #26 на: 19 Декември 2014, 19:40:02 pm »
јас би идел на Горење машина за алишта, а би го избегнал фрижидерот.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #27 на: 19 Декември 2014, 21:03:32 pm »
Добра ти е комбинацијата со фурната, а за плотната не ми се свиѓаат тие комбинации кои се со механичко управување. Едно истекување на супа, млеко, јадење билокакво ке навлезе во прекидачите и мочај им се после. Само ради тоа ми се многу непрактични и во тој случај би одел на тач.

Машина за перење ЛГ-то. Со директ драјв мотор, на кој му даваат 10 години гаранција, а инаку мислам дека за останатото е стандард 2 или 3 години, не се сеќавам.

Фрижидер дефинитивно Самсунгот.

Со здравје да си ги користиш.
;)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1905
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #28 на: 19 Декември 2014, 22:14:38 pm »
Машина за садови "favorit" втора годна тера без проблем, ако се одлучиш да земаш машина ти ја препорачувам  .......

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8074
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Совет за бела техника
« Одговори #29 на: 20 Декември 2014, 11:51:56 am »
Добра ти е комбинацијата со фурната, а за плотната не ми се свиѓаат тие комбинации кои се со механичко управување. Едно истекување на супа, млеко, јадење билокакво ке навлезе во прекидачите и мочај им се после. Само ради тоа ми се многу непрактични и во тој случај би одел на тач.

Машина за перење ЛГ-то. Со директ драјв мотор, на кој му даваат 10 години гаранција, а инаку мислам дека за останатото е стандард 2 или 3 години, не се сеќавам.

Фрижидер дефинитивно Самсунгот.
Кај мене на Електролукс плочата не еднаш се истурило кафе и останати работи...
Механички се командите и немаат гајле до сега.

За фрижидерот нема шо да се мислиш - Samsung, а и за пералната дефинитивно LG!

Благодарност за советите за притисок на вода.