Ајде и јас некои мои искуства...
Правило број 1: Енергетска класа!!!
Најкварлива машина за перење Горење. 2 сме имале во фамилија пред 2006г модели.
Bosch машина за перење имам од 2006г и пу пу машала ниедна замерка ниту дефект!
Тазе е купена машина за перење Electrolux кај мајка ми, рано е да се зборува, нема 3 месеца.
Писледно инфо Самсунг имале бубањи врзани со моторот и не се расипувале и даваат 10 години гаранција. Но, кога на некој му рикнал мотор на перална???
Електричен шпорет деллив со стаклена плотна имам од 2006 Electrolux. Само пофални зборови за него!!! Посебно за релната!
Го купив по препорака на тетка ми од Австрија пошто ми кажа бил Автриски бренд ама колку што знам и во Италија има фабрика, ги товаравме од таму. Кај нас се Полски моментално.
-Другар мој има Беко деллив, плочата ја носеше 3 пати на сервис од кои едниот пат јас му ја носев на сервис.
Фрижидер имам Samsung од 2006г - Ѕвер!
Брат ми купи Quadro, кој го знае зошто. Имаше проблеми на старт, сега си тера...
Тазе купивме нискобуџетно Беко, слаба изработка...
Аспиратор имам Фабер / Нарди - ок е, за цената треба да е многу подобар.
Бољерче имам Кончар, пукна еднаш ама во Кавадарци ми кажаа дека има 12 бари притисок водата.
Го заменија под гаранција и си тера беспрекорно, го пазам на притисокот, вентилот ми е на пола некаде.
Сепак мислам дека наредно проточен би купил поскап.
Бољер имав 50л Аристон, експресно загреваше и се беше ок со него, перфектен.
Остана во станот... Сега кај што сум пак има Аристон 80л и се е ок со него.
Сале ме премислува за Горењето, можеби за во новата куќа, ќе видиме.
Клима имам Беко инвертер од 2009г мислам.
Ѕвер, не знае да застане ни на -30*. Само краток дефрост прави.
-После мене купија другар и шурата малку поинаков модел и не се задоволни...