Пошто мене ми дојде редот да терам вакви маки ај да прашам и јас. Има ли некој искуство со индуктивни плотни? Гледам доста им се паднати цените, ама сеуште не сум сигурен а и не сум доволно информиран, освен што турбо брзо загреваат и треба посебни инструменти што друго треба да се знае за нив?
Мене конкретно ми треба плотна со две рингли, фурна, фрижидер и аспиратор. Колку што знам никој не е задоволен од било кој аспиратор, сите се бучни и влечат доволно, сега прашањето ми е дали се исплати да се дадат можеби повеќе пари за некој условно кажано поквалитетен. Тука мислам на некој од модел на Фабер од 350-400 евра.
За да има смисла комбинацијата кај фабер треба да ги земам и фурната и плотната од таму за да ми дадат 5% попуст и 5 години гаранција во спротивно е само една година. Е сега проблемот со Еуролукс е како што разбрав тоа е некоја бугарска фирма/фабрика под капа на фабер, ако ги бараш на интернет нема да најдеш конкретно нивни сајт, ке налеташ само на македонскиот, бугарскиот и српскиот и можда уште нешто. Цената на Еуролукс е сосема нормална дури релативно ефтина.
Од друга страна ги гледав и Бош, али незнам зашто, вањда ради брендот, горење ми фатија око, али слушнав а и тука има некој што се жалат и трето, око ми фаќаат Електролукс, али некој тука спомна дека и тие немале врска со матичниот електролукс.
Е ај сеа...
Фриждер барам 70ка ширина, такви нема многу... гледам доста ги фалат Самсунг, а на избор има само Беко, еден Аристон и еден Електролукс кој е малце скапичок.
Патем блумберг нема веќе, не ги носат а колку што знам, сите што земаа се пресреќни. Ако некој знае каде може да се најде уште нешто од нив, нека каже.
П.С. За бољер планирам Аристон, оној со два казани и со убавКо дисплејче