Лино ти се евтина варијанта на Фабер и Нарди.
Незнам како се со квалитет.
За аспиратот гледајте колкав капацитет на влечење имаат. Обично се по 400/500cd/m3 има и по 800/1000.
Ако сакате нешто јако за бела техника, побарајте Miele.
Иначе јас имам дома Eurolux индуктивна плотна со 3 зони на топлење.
Брат ми има Горење со 4 зони, исто индуктивна.
За Горење се жалат од белите индуктивни, бојата нешто му се губи.
Иначе и двете имаат една огромна мака: помал дијаметар од 7см не го регистрираат.
Така да...... кафе не можиш да вариш.
Исто така еуролуксот по некоја причина не работи кога рерната е во функција. Нешто демек многу била монтирана рерната до плотната, па од топлината оваа одбива да работи. Кога ќе се олади малку, си работи без проблем.
За чешми се знае Хансгрохе и крај. Шате знај да извади некој добар попуст, па да се начекаат добри чешми.
Ако некој сака да купи нешто повеќе од Skoleks (фабер, нарди, лино итнн....) нека ми пиши ПП, можно да извадиме добра цена.