Автор Тема: Мајстории по дома....  (Прочитано 108769 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг:
« Одговори #45 на: 14 Октомври 2014, 19:08:57 pm »
Jaс кујната си ја правев со комбинација од медијапан и иверица. Корпусот на горните елементи бела иверка 16 ка, вратички пластифициран медијапан. Иверицата купена од уникондор, пластифицирањето направено во мимако.
Долниот дел комплет од иверка и тоа 18mm. Купена од Солопром. 16-ка веќе во моја куќа не влегува.
Кујната ја има постирано мислам некаде ан форумов, еко куќи најверојатно. Погледни ја, а ако сакаш види ја и во живо. Бујрум на гости.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #46 на: 14 Октомври 2014, 22:19:25 pm »
Еве и јас (хаус мајсторот) да споделам со што се занимавам последниве месец/два.Пошто стариве праеле се партизански на времето,решив малку да се потсреди,после долго натегање со овој,поголемиов.
Станува збор за шупа,ако воопшто личи на тоа,во која се чуваа-може ви е познато "чувај го она,ќе се најде",и верувајте дека 4 приколки,да приколки,не колички,отпад исфрлив.Дури и книги од основно најдов,тетратки,лектири....
Изгледаше вака:

куќата на стравот и стаорците,па по долгото чистење

па буткање

па јово на ново,соѕидано со сите салтанати и одма испробано дали држи тежина со тикви и пипер (ова за снегот тест)

и стигнат сум до тука

тарабичкиве идат цик-цак,едно од надвор едно од внатре на профилот,утре да ги дозаштрафам,па ќе им мавнам едно полукружно сечење од капа до капа.Фуги да се досредат па да се поминат со боја циглите,дали онаа за камен што е или со елатон ќе видиме.Така го оставам здравје до другата година,во план е кров да се менува,прозори и фасада да се лепи.То би био то,ме чека еден куп работа...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #47 на: 14 Октомври 2014, 22:24:03 pm »
Домаќин човек, се гледа. Со лесно нека оди Зоки!

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #48 на: 14 Октомври 2014, 22:59:42 pm »
Абе стариве од околу сеа,знаеш,ај ова-ај она среди.Утре ќе ми речат опа-ихаа свадба,знам дека така идат тие работи :D
Шала на страна,околу куќа си има работа,таман си се фатил за едно,искочило друго.А и колку што памтам,последниве 20 години се нема ништо чепнато околу неа,така да сега ми дојде кнап,се наеднаш,али чим сум се фатил за орото ќе го играм до крај,па макар и ко младожења :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #49 на: 15 Октомври 2014, 01:31:29 am »
Баш ми е мераклиски правено! Браво!


Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #50 на: 15 Октомври 2014, 12:17:24 pm »
Alal vera.
So merak koga se pravi taka si e.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #51 на: 15 Октомври 2014, 14:52:18 pm »
@carpathian,DENDE,исто како кај коливе,меракот сите го имаме,само според мене паричка си сака како и да го вртиме муабетов.Да имам вишок пари знам како треба,ја цртам а други нека прават,а не да ми пукаат прсти од малтерот.Битно е да се почне од некаде,тоа си го кажувам јас.
ПС: фала ви,поубаво да си направите.Кога ќе посадам трева и дрвца мислам уште поубаво ќе биде,али по ред да идеме ;)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Мајстории по дома....
« Одговори #52 на: 15 Октомври 2014, 14:54:20 pm »
Браво мајсторе!

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Домашни изработки, репарации и реставрации - хаус мајстори
« Одговори #53 на: 22 Октомври 2014, 01:15:09 am »
За сите кои сакаат да си чепкаат по дома, наоѓаат време за да си направат, поправат, измислат нешто во домот во кој живееме.

Еве јас нешто што одамна сакав да направам е да го фрлам креветот на кој спиев 15 години. И не само тоа, туку го искршив со чекан за подоцна стариот мој да неможе да го прибере кај него бидејќи општо таа генерација на луѓе чува едноставно сЕ.
Некое време пратев како се движат цените за кревети а и кога ќе отидев да ги видам на лице место премногу ми беа не стабилни и не квалитетни за парите. Еден убав ден направив пресметка на материјал за кревет со димензии 160 на 200, и да не ме чини повеќе од 7000 ден.
Значи прво, да не можам да го искршам малиот прст од аглите треба да се тапацираат сите страници.
Второ, кога се симнуваш од кревет односно сабајлечки кога се пролизгуваш за да допреш со нозете на под, да не се одринеш од ивицата, значи и горниот дел од страниците да биде тапациран со сунгер.
И трето, да си најдам добар душек бидејќи на него ќе спијам (да не ме боли кичма, грб, врат, рамо и што уште не искуство од стариот кауч-кревет)
Четврто, се тоа да не изгледа лошо кога би се склопило.

прво што направив е најдов душек во ЈугоЕкспорт 160 на 200 - анатомски,антибактериски, ортопедски, џепно јадро, хп сунгер тинтири минтири.

Потоа отидов во Солопром и им реков дека сакам една табла Суровинска иверка со дебелина 2,5цм и да ми ја исечат на димензии (за сечење побараа 300денари). За два дена ми се јавија и отидов да си ја земам.



Во меѓу време земав торбан штрафови со мутери за да направам рамка конструкција за летвите под душекот.
Купив летви за под душекот. Купив убава пила од екстол за 300денари  :D
Во Хубо веќе скоро знам сЕ што има кај има па си земав од кај нив винкли





Бев на БитПазар кај автобуската по сунгер и материјал за тапацирање.
Одлуката беше еко кожа бела, со сунгер од тој поскапиот зелен, ко демек не останувал згмечен, дебелина 4мм.
Земав две табли (ролни сунгер) и 8 метри на метро и нешто еко кожа (многу повеќе од што ми требаше но нели секогаш има заебанции а и не си го надминав лимитот од 7к)
кога го напунив клиото ништо не гледав позади..




За хевталката морав да земам муниција со дебелина 1,2мм



и работата може да започне..















Двете страници спремни





На ред е грбот, го направив со висина 1м од под. И беше ненормално тежок.



тука проба, да се види дали добро е измерен и како ќе се склопи со винклите..
а да и стариот кауч што почнав да го кршам  ;D се гледа тука лево.





на крај нешто вака излезе, само што е ставен душекот врз парчиња иверки колку да се  види каков е крајот







па си купив една машинка од екстол односно брусилка



и ги средив детално летвите за под душек, за жал немам слики од нив во текот на работата
ги исеков, ги стругав прво со груба шмиргла рачно па потоа со поситна и на крај со машинкава ги измазни ептен добро.
па ги мачкав две раце Уљана импрегнација за дрво која се користи за основна заштита и импрегнација на дрво во внатрешни и надворешни средини. Па завршен декоративен лак лазура за заштита од влага,сонце,мраз. Да не читав за дрвото немаше да ги праам овие глупости. И така после 4 дена беа готови.



Излезе одлично, се спие одлично, сто кила е тежок народски кажано и стегнат и заштрафен како што треба  ;D
Заборавив да кажам дека сунгерот се лепи со неостик за иверката и потрошив 3 тубички по 90 денари.
По средината под летвите имам ставено дебел носач би го нарекол... кој е обвиен во еко кожа за убаво да допрат на него летвичките а и монтажен е односно му имам направено лежиште.
Во потрага сум по ниски ногарки во Г колку да не ми седи на под али одлично е и вака не се брзам за нив.



Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
И јас планирам повеќето од мебелот сам да си го направам,на пример за кревет во план ми е флоутинг бед ама не со иверица туку со вистинско дрво,има во хубо знаеш ти :D


Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Sinko pocetnicka greska imas napraveno sto ti e dusekot ramen so ivicite od krevetot.Dali ti tekna deka kje treba carsav da nategnes okolu dusekot za spienje i deka kje treba sekoe mestenje da go krevas dusekot i dago prekrsuvas a sam tesko kje mora nekoj da ti pomaga..Vakov stil na krevet e kaj mojte vo spalna ziv problem koga menjame dusek kako familijaren sostanok nie e toa..
Si trebalo dole sandak i samo dusekot da dojde odozgora so moze santim dva da ima ivica kolku da ne bega levo desno ..
Inace ekstra idea vlozen trud-BRAVO

Отсутен FICOOO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 265
Интересно проектче, браво за трудот :) се што си сработил сам повеќе го цениш.

И јас иам некои глупости  за по двор у викендица направено, ке ги претсавам деновиве, само неам све сликано како идеше постапка :)

Идеа за ногарки, земи од палети коцките што се, обложи ги со тоа материјалот, и мислам дека топ би ти дошло ;)

https://encrypted-tbn0.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcRqy8Cnn1qTvam1iPhypIo0GrNwKOoRvANXlgnlZF2qhed7SkVx

иначе за висината и ја се слагам си требал малце повисоко да е душекот, ама лесно се решава. На даските од страна, што уствари ти се држачи, над нив заковај уше една таква даска и залепи ја со дрвофикс, мислам дека ке добиеш на висина а не битребало да имаш проблем.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
многу лесно ке го реши тоа, ако сака... само попречните даски на носачите (страничните даски) да ги крене погоре... оние што му ги држат даските за душекот... колку што видов, не е како сандук изведено..

плус една од позитивните работи на овој тип на носење душек е што ке може дормео да купи кога сака... или било кој друг со мемори пена.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Sinko pocetnicka greska imas napraveno sto ti e dusekot ramen so ivicite od krevetot.Dali ti tekna deka kje treba carsav da nategnes okolu dusekot za spienje i deka kje treba sekoe mestenje da go krevas dusekot i dago prekrsuvas a sam tesko kje mora nekoj da ti pomaga..Vakov stil na krevet e kaj mojte vo spalna ziv problem koga menjame dusek kako familijaren sostanok nie e toa..
Si trebalo dole sandak i samo dusekot da dojde odozgora so moze santim dva da ima ivica kolku da ne bega levo desno ..
Inace ekstra idea vlozen trud-BRAVO

Пред се благодарам за мислењето, инаку
Оставено е простор за идеи, како што кажа Онак со душекот може лесно да маневрирам горе доле, но поубаво ми е вака. Тоа решението со чаршавот е решен уште кога направија чаршави за душеци по димензии со ластик, буквално како обвивка и многу лесно се мести и не се изместува во спиење за да секое сабајле го пикаш чаршавот под душек.
А да, и идејата за сандак.. секој со различни вкусови и потреби :)

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
И јас планирам повеќето од мебелот сам да си го направам,на пример за кревет во план ми е флоутинг бед ама не со иверица туку со вистинско дрво,има во хубо знаеш ти :D

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Има чамово дрво :D ама не греши душа, земи си некое поубаво :)

- - - треба да купам свеќици деновиве да поминам да ми ги смениш :D немам 16ка патент