Другари,ми треба помош за мојов случај...
2022 ме казнија за непропуштање пешак,тие така мислат тоа е нивната верзија,јас пешакот го видов покрај пешачкиот значи дека не беше стапнат на преминот,истотака бев во колона на возила,пред мене и зад мене имаше возило и по 200м мене ме запреа за прекршок,што не е логично...ако веќе преминувал пешакот (а не преминуваше) прв требаше да биде санкциониран возачот пред мене....
не се потпишав на налогот но ја платив казната во полиција заради закани,со висок тон ми се обраќаа вака така и изреволтиран не се потпишав на казната...
вчера ми стигна поканата за на суд,сакам да знам дали имам некакви шанси и дали можам да се бранам,притоа никој нема доказ,ни тие ни јас...
и трета работа...во делот каде што е опишан случајот е згрешена мојата регистарска табличка и како пешак е заведена некоја жена а пешакот беше машко лице...
дали имал некој слично искуство?