Здраво, здраво.
Пред година ипол некаде ме фатија со 0.7промили алкохол, и нели како што е процедурата платив во рок од 8 дена, и отидов на суд после неколку месеци. Одлуката што ми стигна беше дека ми ја земаат само 30 дена иако според закон е 3-6 месеци како и што беше наведено (значи без никакви врски и пријатели, и јас пријатно се изненадив). Беше наведено дека го ценеле моето признавање на вина, искреноста и плаќањето во даден рок, исто така и тоа што станува збор за мала количина алкохол и што сум млада личност. Меѓутоа 2-3 дена после тоа ми стигна жалба, од полиција или не знам ти каде не биле задоволни од одлуката, бидејќи биле само 30 дена а требало 3-6 медеци, и поднеле жалба до апелационен Битола. Ме интересира сега што да очекувам, дали жалбата може да биде одбиена, дали да чекам со скрстени раце или да одам да ја дада возачката во полиција? Стварно не ми е јасно. Бидејќи откако ми стигна забраната јас веќе требаше да ја предадам возачката, што планирав да го направам утре, ама сега ми стига жалбава?! Треба да чекам нова одлука ??