Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2626503 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2907
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13500 на: 25 Септември 2024, 13:42:44 pm »
Јас би ги погледнал аргументите изнесени во жалбата и би дал одговор на жалба, сигурно судот те информирал дека имаш право на тоа. Во самиот одговор на жалба побиј ги наводите на МВР, повикај се на првостепената пресуда и повтори ги аргументите објаснети во образложението на пресудата што се во твоја корист како поблага мерка. Не може однапред да се предвиди дали жалбата ќе биде уважена или не.
Своерачен потпис ;)

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3076
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13501 на: 25 Септември 2024, 14:20:04 pm »
Нема никаква жалба да помогне. Минимална казна за алкохол е 3 месеци, така да они во полиција кога виделе дека е месец дена забрана нормално дека ја обжалиле. Инаку на апелација очекувај од 3 до 12 месеци зависи од судијата.

Отсутен Ambrosia

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13502 на: 25 Септември 2024, 14:42:52 pm »
Нема никаква жалба да помогне. Минимална казна за алкохол е 3 месеци, така да они во полиција кога виделе дека е месец дена забрана нормално дека ја обжалиле. Инаку на апелација очекувај од 3 до 12 месеци зависи од судијата.
Зошто до 12?
Нели 3-6 е за оваа количина? Така е наведено и во законикот, врз која основа би ми ја одзеле  пример 12 месеци?

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3076
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13503 на: 25 Септември 2024, 14:46:47 pm »
Епа ако така пишува од 3-6 месеци тогаш толку очекувај да ти ја земат. Јас мислев дека е до 12 месеци.

Отсутен Ambrosia

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13504 на: 25 Септември 2024, 14:50:43 pm »
Епа ако така пишува од 3-6 месеци тогаш толку очекувај да ти ја земат. Јас мислев дека е до 12 месеци.
Не ме стресирај дополнително аман ;D

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2907
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13505 на: 26 Септември 2024, 07:40:26 am »
Епа ако така пишува од 3-6 месеци тогаш толку очекувај да ти ја земат. Јас мислев дека е до 12 месеци.

Одредби од Законот за прекршоци

Член 19 став 2
„Судот, односно прекршочниот орган може да го ослободи од прекршочна санкција сторителот на прекршокот, да му ја ублажи глобата без ограничувањата пропишани за ублажување на глобата или да го ослободи само од прекршочната санкција забрана на управување со моторно возило или протерување странец од земјата.“

Член 21 став 1
„Кога прекршокот е сторен под особено олеснувачки околности, глобата може да се ублажи до општиот законски минимум утврден во членовите 26 и 36 од овој закон“.

Член 29 став 1
„За прекршок против безбедноста на јавниот сообраќај, со кој е предизвикана опасност за настанување на тешка последица, односно со дејствието настане штетна последица може да се изрече прекршочна санкција забрана на управување со моторно возило на определени видови или категории моторни возила во траење од 30 дена до една година“.

@Ambrosia
Ако не ти е изминат рокот за одговор на жалба, како што пишав погоре, во одговорот повтори ги аргументите (во твоја корист за поблага казна) од првостепената пресуда, повикај се на овие одредби што ги пишав и во овој случај тоа е што може да се направи од твоја страна и чекај го исходот. Што и да одлучат барем од твоја страна си презела се.

Своерачен потпис ;)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7270
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13506 на: 26 Септември 2024, 10:38:21 am »

Да, ама треба да почека одлука од Апелација дали ќе ја одбие жалбата и ќе ја потврди првостепената одлука на судот за забрана од 30 дена или пак апелација ќе ја укине и врати повторно назад на одлучување во првостепен суд.

Значи мора да се чека апелација што ќе одлучи.
Ако ја одбие жалбата и ја потврди првостената пресуда ок, никому ништо, станува правосилна првостепената одлука со која и членката е задоволна.

Ако ја укине и ја врати повторно назад на одлучување, тогаш ќе се чека нова одлука и ако во новата одлука е 3 месеци, тогаш ќе може членката да поднесува жалба.

Не може сега да поднесува жалба на првостепена одлука која е во нејзина корист, ниту пак жалба на жалбите од МВР.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7404
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13507 на: 26 Септември 2024, 11:34:03 am »
Тежок си за читање, користиш одбие и укине, две негативи. Полесно е одбиена и прифатена жалба за да сфати човек.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2907
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13508 на: 26 Септември 2024, 12:14:07 pm »
@FiLo Не си обратил внимание, никаде не пишав жалба да поднесе, туку Одговор на жалба да поднесе, односно да се произнесе и да ја побие жалбата изјавена од МВР, па кога ќе разгледуваат од Апелација да ги имаат во предвид жалбата ама и одговорот на жалбата.
Своерачен потпис ;)

Отсутен Ambrosia

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13509 на: 26 Септември 2024, 19:58:33 pm »
И, не сфатив сега, дали е попаметно да чекам одлука или да се обратам некаде?

Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3812
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13510 на: 26 Септември 2024, 22:04:53 pm »
Кај адвокат да се обратиш
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен NiceNaumóski2000

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13511 на: 27 Септември 2024, 07:55:45 am »
Другари,ми треба помош за мојов случај...

2022 ме казнија за непропуштање пешак,тие така мислат тоа е нивната верзија,јас пешакот го видов покрај пешачкиот значи дека не беше стапнат на преминот,истотака бев во колона на возила,пред мене и зад мене имаше возило и по 200м мене ме запреа за прекршок,што не е логично...ако веќе преминувал пешакот (а не преминуваше) прв требаше да биде санкциониран возачот пред мене....

не се потпишав на налогот но ја платив казната во полиција заради закани,со висок тон ми се обраќаа вака така и изреволтиран не се потпишав на казната...

вчера ми стигна поканата за на суд,сакам да знам дали имам некакви шанси и дали можам да се бранам,притоа никој нема доказ,ни тие ни јас...

и трета работа...во делот каде што е опишан случајот е згрешена мојата регистарска табличка и како пешак е заведена некоја жена а пешакот беше машко лице...

дали имал некој слично искуство?

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7404
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13512 на: 27 Септември 2024, 13:13:48 pm »
Aх те поебаа џандарите, гарант е нивна жената и е договорено да сведочи дека не си ја пропуштил.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15255
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13513 на: 27 Септември 2024, 15:21:00 pm »
Не мора да сведочи никој,меѓу тебе и полицаецот,зборот на полицаецот има поголема тежина пред судот.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен NiceNaumóski2000

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13514 на: 27 Септември 2024, 15:50:06 pm »
што ако не се појавеле тие? велат не оделе на секакви судења...