Автор Тема: Citroen C2 1.4 HDi  (Прочитано 82056 пати)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #330 на: 19 Април 2023, 23:46:13 pm »
Лани, пред крај на летото, практично снема фреон во климата... Дополнив само колку да догурам до крај на сезона. 

Па додека го чекам механичарот да ми се ослободи, денеска однесена на проверка, пола од фреонот е пак изгубен (очекувано). Наполнет со боја, за 2 недели на контрола, да се види од кај диши... И соодветно на тоа да се сервисира.



Sent from my Xiaomi 12x
« Последно менување: 19 Април 2023, 23:51:23 pm KaZaN »

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #331 на: 05 Мај 2023, 16:41:07 pm »
Понеделнички иде Цики на фарбање. Преден и заден браник, задното крило од страната кај што беше фатен браникот и комплетно полирање.

Слики - после зафатот.

Sent from my Xiaomi 12x


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7831
  • Плинаш!!!
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #332 на: 06 Мај 2023, 23:14:53 pm »
Колку ти побараа за целиот зафат ако не е тајна?

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #333 на: 06 Мај 2023, 23:27:49 pm »
~ 400e.

Доста поскапо во споредба од пред некоја година кога се фарбаше 70% од Меривата, за исти пари.

Sent from my Xiaomi 12x

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7831
  • Плинаш!!!
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #334 на: 06 Мај 2023, 23:43:10 pm »
Многу, многу. Со негов материјал?

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #335 на: 06 Мај 2023, 23:44:32 pm »
Да, да. Одам - носам, одам - плаќам - зимам.

Sent from my Xiaomi 12x


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7831
  • Плинаш!!!
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #336 на: 06 Мај 2023, 23:54:36 pm »
Се јаде некако со негов материјал.....

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #337 на: 12 Мај 2023, 16:30:09 pm »
Цики се врати кучи, вчера. Ама врнеше, па не можев да сликнам одма...

Резултати - одлични. Задниот браник среден цел, со тоа чирот што беше заварувана пластиката и убаво израмнети вдлабнатините околу сензорот.

Задното крило од возачката страна беше деформирано, сега е доведено у ред.

Предниот браник среден... Беше гребнат од двете страни, и се лупеше бојата околу магленките и знакот...

Остатокот од колата исполиран.

Се на се - топ.

Денеска однесена на проверка за климата, откако беше напунета со боја... Испадна дека е ладилникот за клима е дупнат... Чекам само да ми закажат термин и да кажат цена.

Си купив и Philips White Vision Ultra сијалички, заедно со комплет бришачи.

После климата ќе остане уште да се оди на механичар и едно хемиско да се напраи...

И тоа ќе биде тоа во некој подолг нареден период, се надевам.



















Sent from my Xiaomi 12x
« Последно менување: 13 Мај 2023, 00:58:46 am KaZaN »

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #338 на: 12 Мај 2023, 16:50:01 pm »
Нијансава на бојава на слика е доста поразлична, дали во живо е така или сликата лаже?

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #339 на: 12 Мај 2023, 17:03:40 pm »
Лажат сликите...

А бојата е специфична, се прелива доста...

На една слика делува различно многу, на друга па е идентична бојата...

Sent from my Xiaomi 12x
« Последно менување: 13 Мај 2023, 00:59:38 am KaZaN »

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #340 на: 12 Мај 2023, 17:26:36 pm »
Мило ми е штом е така, со здравје да се вози и пази го  ;)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7831
  • Плинаш!!!
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #341 на: 12 Мај 2023, 17:31:49 pm »
Аааа фино средено, колку што може да се види од сликиве преку тапаток.
Истиот проблем и јас го имав со меривата коа фарбав пред некој ден. На слики изгледа дека двои бојата, се зависи од кој агол е сликано и тоа е така затоа што во бојата има мнооогу перла.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #342 на: 13 Мај 2023, 00:56:36 am »
Како и да е... У бојата знам дека нема утка, праена е таму по код, компјутерски или како и да идат тие работи...

Можно е да има разлика, скоро незабележителна за око, чисто ради моментот што остатокот од бојата е изложен на надворешни влијанија 20 години... Тоа е тоа.

Не може да се долови реалната ситуација преку слики секако...

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #343 на: 13 Мај 2023, 01:19:19 am »
Кај автолимарот што учам има еден калфа, ама на поевтинки коли "си се учи". Порачавме боја по код, мачкаме на стапче за тест, бојата е иста. Почнува да фарба, ја изнесуваме надвор колава, бојава скроз дели. Мораше да му кажеме на мајсторот, доаѓа и вели "Прво двајцата застанете од предна страна, па после застанете од страна". Како што се вртевме околу кола така бојата преливаше и тогаш сфативме дека има многу перла и дека таква е бојата. Инаку беше сребрен сеат леон прва генерација и назад имаше три различни нијанси на бои од различни мајстори. Најаматерски го исфарбавме, што како нема јавно да кажам, ама после тоа ја замразив работата, доста возила не беа фарбани во комора и под лакот имаа прашинки, додека скапо платените коли беа фарбани строго професионално и комплетно полирани.
А "само полирање" коштало 300€, додека кај ТЕ-ЕН 100.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C2 1.4 HDi
« Одговори #344 на: 13 Мај 2023, 01:36:46 am »
Човеков кај што идам јас е човек со искуство од 30+ години. Не се сомневам во неговата стручност, башка и не ми е прв пат кај него.

Секогаш бил коректен и професионален. Ги имам носено матизот, астрата, меривата, ц4-ката па еве сега и ц2-ката. Од посериозни и големи зафати како на астрата, до ситни гребаници. Секогаш било како што треба, и до ден денес трае и изгледа како првиот ден кога е направено.

Sent from my Xiaomi 12x