1.5 Турбо мотор е всушност 6так пресечен на половина. 2.0 Турбо е 1.5 мотор со уште еден цилиндар. Самите бмв мотори се од новата модуларна генерација на бмв мотори со додавање и одземање цилиндри, твин-скрол турбини и можност за трансферзално монтирање (ради бмв2 комбе/мини купер).
Лошата страна е што ако модуларните мотори имаат маани, тие маани ги имаш од најмалиот до најголемиот мотор. Целата б38/б48/б58 гама на мотори е релативно нова и нема некои особени искуства по интернетот.
Ако ти е за простор, да знаеш дека поради задниот погон багажникот е релативно мал на Кецот.
Фала Luki, мислам дека периодов ќе тркнам до салон да видам како стојат работите (и цените).
Не ми треба премногу простор, ама некој практичен багажник да собере куфер и детска количка ми се минимум
Според кажувањата на Achtung ова мислам би било тешко изводливо?
Би можел да ја вметнам и 320ката во игра, но би зависело од тоа што попусти даваат во М-Кар и дали основната верзија (без М пакет) има добра вожња карактеристична за BMW? Или минимум е барем спорт суспензија (не М)?И дали 2.0 моторот има доволно снага за таа шасија, да не биде апла утепан.
Како што гледам од дечкиве на форумов што имаат искуство со М пакетот, се преферира за кај нас да се избегне заради тврдата вожња, или грешен впечаток имам јас.