Автор Тема: Аро 10.4 4x4  (Прочитано 154984 пати)

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Аро 10.4 4x4
« на: 06 Јануари 2014, 21:45:04 pm »
Здраво момци,

Ајде официјално.Се викам Илија. Член сум некое време веќе но никако не собрав време да направам пропер претставување...
Ова што ќе го видите не е нешто за коешто повеќето сонуваат.. не е суперавтомобил.. нема серво, нема клима, нема електроника, ни борд компјутер ни инџекшн, нема ни греачи на седишта додуше нема ни на задното стакло.. едвај работат и бришачите.. Нема радио нема ЦД нема ни касета.. немаше ни парно..  Ова возило повеќето би го однеле во отпад.. (ако некој носи Аро во отпад нека помине од кај мене да присоберам делови)...
Поддршка нема никаква.. Во продавница коа ќе ме прашаат за кое возило.. Им ги паметам изразите на лицата коа ќе кажам АРО.. некои споредуваат со лада.. некои со уаз.. а еден најдобар беше што рече аа тоа трабант е така... а не е ни чудно.. исти се :) па што ли не сум чул.. за вакво ѓубре нема делови, не сме чуле за нешто вакво.. ми се смееле ме исмевале..
да земеш сите да ги стрелаш...

Значи делови нема.. па се снаоѓам како знам и умеам..
Шема за електрична инсталација (иако проста) и тоа нема.. едвај најдов некои технички слики од романциве.. па живи биле тие помогнаа бааѓи..
значи праиш нешто.. сликаш чекаш 3-4 дена за одговор и продолжуваш со работа...

Го добив како поклон за дипломска.. иако не изгледаше како поклон што свежо дипломиран студент би сакал го поседува, но и така беше во двор.. го возеше татко ми, па ми рече ако го направиш твој е.

Па да резимираме:
Теренско возило од 1996та.
произведено во Романија.
увезени 20тина во Македонија..
Мотор бензин 1.4 Renault 18-19 со LPG од пред неколку години:
Повеќето делови се од Дачија/рено 18.
Погон 4степен рачен секако и редуктор брза 4x4 спора 4x4 и само задна влеча.
Воздушна блокажа на заден диференцијал. (не работи btw)
Предни диск кочници, а задни добоши..
Предна независна суспензија а позади технологија од времето на кочиите.. Leaf spring што би рекле по форумиве англиски.
мислам дека има околу 65HP али и тоа било на времето..
Top speed до сега 85км се надевам и на 90.

Го превземав во вакво стање.



кога ги извадив тркалата тек тогаш сватив со што си имам работа...



еве со ова почнав...


Иако имаше и поголем проблем..
Скршен запчаник на редукторот.. па почнав од "Најлесното" го извадив редукторот го отворив цел и отидов во фирма кај стаклара да ми направат нов.. по неверојатни 3-4 месеци беше и тоа готово..

Ова е после денови чистење, барање семеринзи и штрафови, пошо предходниот мајстор не се замараше толку.. може и затоа течеше уље со тони..

Па после преминав на ситниците..

оваа хаос слика ми е омилена :)
само да напоменам.. јас цел живот го имам поминато на точак.. освен возачка и мењање на дупната гума на кола незнаев ништо за ова..
Никој не ме тренираше за овој хаос.. али слушам совети, слушам поискусни и применувам..

го раслопив подвожјето.. и почнав да менувам се што беше пред умирање..
лагери, семеринзи, гуртни, плочки дискови црева шапи, цевки за кочници, серво за кочници или поточно серва за кочници.. пробав 3-4 комбинации.. а исто толку и пумпи за кочници..
гумици сите што ги најдов за балансштангла нови стабилизатори...
ги репарирав и амортизерите предни.. а богами и ги офарбав убаво..


после некое време
еве како изгледаше.. предницата..

ги репарирав сите јабучици но луфтата во воланот сеуште ја има.. но и тоа ке се среди..
па одкога ја средив предницата преминав поминав и позади..

исчистив и офарбав се.. сменив семеринзи и лагери нови цилиндри и репарирани гуртни..

па присобрав пари и купив малку поасолни и поголеми гуми..

иако планот беше да возам bfgoodrich all terrain доста поголеми од овие но тоа понатаму здравје.. за 100евра на старо 4 бриџистоун што би рекле браќата.. се сосема солидни гуми..

земав и 15 инчни бандаши затоа што за 14ките не се произведуваат веќе гуми за теренци..
па пошо романците не следат никаков стандард морав да ги однесам на пребушување и проширување на таа централната дупка..

парите си летаа..
девојками почна да дели кометари у стилот ти поише време си под џипот отколку под мене..
али сакав да го завршам тоа што го започнав..


вака изгледаше со монтирани две тркала... многу многу подобро..

имав и асистент што заврши неславно под некоја кола :( rip..



Се заразив со златната боја.. па се што извадив пред да го вратам стана златно..
учев дизајн и анимација така да сепак знам што правам..
Но спрема муабетот на комшија таксист.. цитирам "Џабе ти е колку сакаш златно фарбај го пак е ѓубре старо"
Али не сите разбираат..
Ама работев во двор што се вика пред улица.. па кој како помине ме глеаше мене и ќе ме гледа летово пак.. па дури и дечињата што ги носат у градинка се радуваа.. Тато тато види му ставил чичкото тркала..



Ова веќе е моторот.. тука имав помош од еден чичко што е механичар.. во последно време почна и повеќе да ми помага.. па дури и ми ја отстапи гаражата.. и него му беше мерак да го напраам после толку време..
Овде колку што ми текнува... ставив антифриз нов :)
ставив уље..
свеќици
кабли платина
водна пумпа
хладњакот го залепив..
акумулатор
бензиска пумпа.
цревата ги сменив тие што ги најдов..
карбураторот го зачистив уз пат ни падна и штравцигер па и перката ја скршивме среќа што никој не се повреди...
па и перка сменив..
кајш.. 
и сите контакти ги исчистив со контакт спреј шмиргла штравцигер и болка во грбот...

внатре..

се беше вакво... КРШ
предходниот сопственик го чувал во некоја штала во некое село па имаше добра арома на кокошки.. а тоа значеше вадење на се живо перење крпење.. и пак назат...
Ова е откога го исчистив подот од рѓа и распадната изолација..



И после долга работа успеав да ставам нови теписончиња, тапацир на кутијата на мењачот што ме кошташе мало богатство дури 1500 денари.. и моја доработка за сукњичките..


а еве и гепекот пред да го средам


а видов и научив од овој форум за изолација.. па го направив и тоа..



И има ефект.. до сега се изолирани страниците подот на задните седишта гепекот, вратата од гепекот и хаубата..

па земав и обични профили и со помош на другарче што вари и фарба ги наместивме и нив..еве го задниот..(оргиналните браници се крш.. башка ниски и грди..


Па си направив и нови пластики за позиција и жмигавец.. дизајн од лендровер..

Ги правев од полиестер.. направив калап.. негатив па на него излив модел.. тој модел го залепив го китирав го заштрафив и ги купив овие стакленца.. од трактор се мислам...

а еве како дојде се офарбано и средено...


па и со предниот браник..
и со овие светла.

го добив ова..

ефективно против магла.


ставив и осрам најтбрејкери и лед сјалички кај што стигнав...
си направив и копче за палење ... ја средив шал таблата..

ги претапацирав седиштата тоа искинатото а другото е само закрпено и испрано..
и конечно мирисот се изгуби...
a си поиграв и со ултимативната тјунерска работа што додава +20Hp на секоја ствар што е залепена..
Што друго ако не карбон фолија...(ги покрив стварите само затоа што пластиката е уништена.. :/ )


а земав и нов волан од импреза :) затоа што некој мајстор што наводно го внесувал во гаража... и го скршил воланот.. па го исекол и го варел со штрафови шајки и што уште не..



jа сменив и километражата.. најдов на отпад едно аро што ми е донор.. но и тоа е катастрофа невидена... сеуште не работи прерипува сајлата.. мислам дека ќе треба да ја сменам и неа..

На тест вожња низ парк..
овде ги изедов првите скалички :)


И сега сме овде..






Направив пристојно возило.. со одлична прегледност над патот.. скопските дупки тротоари кратери полицајци и слични тракатанци не ги фермам ни 1%.. едноставно возам ко да не постојат... убава мека вожња.. огромна потрошња..
иако не работи километражникот пресметав околу 20 низ град... па дискутираме и на друга тема на форумов и за решавање на тој проблем..http://forum.carclub.mk/index.php/topic,12180.msg586069.html#msg586069


можеби затоа што го релоцирав испарувачот затоа што немаше парно.. тој што го монтирал незнам кај му бил паметот... црева колку сакаш.. кругови колку сакаш...
па сега имам и супер парно..  СО 2 брзини (премиум пакет)
копчињата во внатрешноста сите светат.. и работат освен блокажата на диф...

Што е во план...
За почеток.. морам да го ставам предниот диференцијал.. сеа сум само со заден.. ако ги приметивте дупките во предните тркала.. тие се за локерите..
полуосовините треба да ги обработам на дребонг.. али пред тоа морам да го решам семерингот кај ламелата.. доста уље тече од таму...
Би сакал да ставам појак мотор и подобар мењач со редуктор... па ако улета нешто ефтино а добро и тоа ке биде... а козметички летоска во план е да се извади кровот.. го држат 12-13 штрафови.. да направам нешто вакво.. (ова е исто аро само доста модифицирано..)


Така да барам и мајстор што витка цевки а нема да ме остави гладен 3 месеци од "добрата цена.." и во план е и винч.. но предходно нов алтернатор.. стариов е крш... поголеми гуми...
мало подигање на каросерија од шасија.. поголеми гуми.. серво на волан.. и крај нема...

тоа е тоа за сега...
коментари, совети, лоши добри.. добредојдени... :)
Поздрав :)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #1 на: 06 Јануари 2014, 21:50:10 pm »
Ги знам возилава, братучед го имаше од ново :). Али колку труд и пари си вложил алал да ти е супер си тргнал со средувањето. Јас следно би средил се во моторен простор напред да заличи :)

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #2 на: 06 Јануари 2014, 21:51:00 pm »
Интересно количе, браво за проектот!

Создравје да се вози, убави планови, само напред :)
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #3 на: 06 Јануари 2014, 21:52:09 pm »
Секоја чест,се восхитувам на вакви проекти,ти посакувам за брзо време да си го средиш како што ти е ќеиф!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43719
  • Il Moderatore
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #4 на: 06 Јануари 2014, 21:53:11 pm »
Ауу, ова заличело на нешто! Секоја чест! Под хауба инсталациите електрични да се потсредат под хитно. Вака ми делува на „пожар само што не се десил“.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #5 на: 06 Јануари 2014, 21:54:32 pm »
свака част

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #6 на: 06 Јануари 2014, 21:54:45 pm »
Лелееееееее, браво!

Со мерак ја прочитав цела тема, сега ќе ја прочитам уште еднаш!

Браво!

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #7 на: 06 Јануари 2014, 21:59:07 pm »
Bogami epten mnogu trud e vlozen, svaka cast.
Od nisto - nesto.

Samo napred!
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #8 на: 06 Јануари 2014, 22:02:00 pm »
одлично претставување,браво за меракот и трудот!

Отсутен icemann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 679
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #9 на: 06 Јануари 2014, 22:07:13 pm »
фала момци... фала..
душата си ја оставив последниве година ипол.. па многу е фино вака коа некој за промена вика браво.. место што не го дае на отпад па да си купеше некое мало количе со тие пари за оправки..
Симо би сакал да ги средам и јас инсталацииве.. само стварно незнам како.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #10 на: 06 Јануари 2014, 22:07:35 pm »
Слободно ставај уште слики.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #11 на: 06 Јануари 2014, 22:12:23 pm »
ekstra so mnogu merak i kjef praveno = BRABO
Imase moj kolega vakvo dzipce ama nesto mu se zezna menjacot nemozese da najde del li so ja znam i go trampase za reno5 bas kje go rasprasam na rabota kako se snaogjase za delovi on go vozese dobri 5 godini

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #12 на: 06 Јануари 2014, 22:14:19 pm »
Ми се свиѓа посветеноста на детали - без тоа не бива ништо, БРАВО!

И ако сакаш во ПП да ми пишеш за полиестерот. Каде го купи, колку те кошташе и тн.

Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
  • I live my life a quarter mile at a time...
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #13 на: 06 Јануари 2014, 22:22:04 pm »
Браво секоја чест ги знам тие негативни коментари го имав и јас истио проблем,ама не послушав ни еден од нив и јас исто си направив градско количе со голем кеф средвано... Само продолжи напред :)
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Аро 10.4 4x4
« Одговори #14 на: 06 Јануари 2014, 22:23:46 pm »
Секоја чест човече! Секоја чест!
Со оглед на тоа што си почнал со 0 знаење, си дошол до нешто кое јас без срам, со задоволство би го возел и паркирал во бесни позиции :)

Имам забелешка за идните планови, а тоа е што планираш да го извадиш кровот. Ако ова ти е единствено возило, чувај го кровот. :)
Наместо кров, инвестирај во заштита на моторот и диференцијалот, како и задниот диференцијал.
Исто така, направи си и rock sliders, или по нашки прагови, од истиот профил како и браниците.

Само продолжи со ентузијазмот, и ако некогаш снемаш терени за возење, со задоволство те поканувам во Гостивар, но тоа откако ќе го монтираш и предниот диференцијал. Имаш јадење, пиење и спиење од мене, а за возврат барам само да се возам offroad со чудово. :)
Исто се нудам, доколку се е безбедно поврзано под хауба, да помогнам во естетика околу инсталацијата :)