И јас ја перев често во ново Лисиче кај Златно зрно, баш во средната перална, ама последните два пати повеќе ја испрљаа отколку што ја испраа, кога им е газдата таму, перат одлично а кога не е, подобро ич нека не ја фаќаат.
Вчера перев во таа розевата перална на последна 57-ца, и повеќе не идам. Бандажите денес се катран црни од тоа средството за гуми, напред имав еден куп мушички и комарци од автопат и после перењето пак ги имам, знам дека стварно беа многу и можеби тешко се вадат ама можеа да се потрудат, па затоа и ја перев во перална, инаку можев и сам да ја исперам.
Наредно пак кај Оли сан, сега за сега најдобри ми се.