Вчера присуствував на Автотек DYNO собирот. Најмногу заради дружба и зезање, но и да видам дали стварно овие од VAG лажат со податоците за силата на моторите ( така сум читал), па да провериме.
Условите за мерење беа идеални, момците од Автотек крајно професионални во секој поглед, од превземање на возило, монтирање, до обезбедување скоче или вода за сите присутни на собирот.
Горивото кое е користено во Леонот е 98 октански безоловен бензин од Лукоил. Промена на масло, филтер за масло и воздух како што напоменав
погоре е направено ден порано.
Леонот е без никакви модификации, освен 2 лепенки
Прво да се заузда да не избега некаде
И после резултатите:
Леонот фабрички е деклариран
125кс и 200НмНа дино измерено
132кс и 210НмЗаебавајте се вие, ама лепенкиве КарКлуб си даваат коњчиња